МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

9 декември 2021

9 декември 2021

– Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска беше дел од работилницата „Дигитална трансформација, податоци и вештачка интелигенција во Западен Балкан“, чија цел е да го истражи влијанието на дигиталните технологии, податоците и вештачката интелигенција врз нашите општества.

– Самостојниот синдикат на индивидуалните земјоделски производители (ССИЗП) од Кочани бара поддршка од Владата заради надминување на сериозните финансиски тешкотии и проблемите со ликвидноста на земјоделците, посебно кај оризопроизводителите, предизвикани од лошите откупни политики и влијанието на ковид пандемијата.

– Северна Македонија докажа дека силно го застапува европскиот наратив на вредности и е стабилен партнер на европската сцена што придонесува за добросостојбата на регионот, изјави денеска во Берлин вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на средбата со првиот човек на Фондацијата „Фридрих Еберт“ и поранешен претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц.

 Над 70 отсто од бугарските граѓани го сметаат за приоритет решавањето за односите на Скопје со Софија, а не пристапувањето на Северна Македонија кон Европската Унија. Најмладите и различните малцински групи се малку подистанцирани од темата, покажуваат податоците на истражувањето на „Галуп Интернешнл Балкан“, пренесе БНР.  Истражувањето е спроведено „лице в лице“ со таблети во периодот од 25 ноември до 3 декември, меѓу 803 полнолетни бугарски граѓани.

– Апсолутно постои оптимизам за преговори и за добивање позитивен сигнал на декемврискиот самит на ЕУ за отпочнување на преговори за нас и за Албанија во првите месеци од следната година, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

– Собранието денеска на почетокот на 54. седница ги констатираше оставките на министерот за земјоделство и на заменик-министрите за образование и за култура.

Актерот Драган Спасов–Дац, музичарот Александар Митевски и ликовниот уметник Живко Поповски – Цветин се кумовите и здравичарот за Бадник 2022 година.  Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“ денеска на прес-конференција го претстави уметничкото трио кое ќе ја предводи прославата која традиционално се одржува 29 години.

– Забрана за влез во затворени простори за лицата над 60 години кои не примиле трета доза, а поминале седум месеци од вакцинацијата, што стапува во сила од понеделник и намалување на три од шест месеци на потврдата за прележан Ковид-19 од февруари следната година, се двете нови мерки во Грција, а важат и за посетителите и туристите во земјата, потврди портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на денешниот редовен брифинг со новинарите.

-Владата на Република Србија и Државната корпорација „Росатом“ го потпишаа Општиот рамковен договор за изградба на Центарот за нуклеарни технологии и Договорот за основање заедничко претпријатие кое ќе го реализира овој проект на територијата на Р. Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

– Во Словенија паѓа обилен снег, а во северозападниот дел на земјата е формирана снежна покривка која достигна и до 80 сантиметри.

Владите низ светот беа принудени да преземат итни и вонредни мерки во врска со пандемијата на коронавирусот, што го зголеми ризикот од корупција, и затоа мора да го почитуваат законот и да дејствуваат транспарентно и одговорно, соопшти антикорупциското тело на Советот на Европа, ГРЕКО (Група држави против корупција).

– Попладнево ќе биде познато дали во нокаут-фазата од Лигата на шампионите ќе продолжи Виљареал или Аталанта, откако синоќешниот средба помеѓу овие два тима беше одложена поради обилните врнежи од снег.

– Попладнево во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои до крајот на денот и во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и ќе се интензивираат (на места над 15 л2), информираат од УХМР. Утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои на истокот на места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

 

Back to top button
Close
Close