МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

7 декември 2021

7 декември 2021 

– Трошоците на живот во ноември се зголемени за 0,7 проценти, а цените на мало бележат скок од 0,3 отсто во однос на октомври, објави денеска Државниот завод за статистика.

– Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во третиот квартал годинава изнесува три проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

 Министерката за образование и наука Мила Царовска во име на Владата потпиша меѓународен договор со Европската Унија за учество на Република Северна Македонија во Рамковната програма за истражување и иновации „Хоризонт Европа“ за периодот од 2021 до 2027 година.

 Заштитата на уставните слободи и права, почнувајќи од субјектите кои имаат право да побараат ваква заштита, нејзиниот опфат, постапката, правното дејство на одлуките и примената на праксата на Европскиот суд за човекови права, биле теми на разговор на денешната работна средба во Скопје на делегациите од Уставниот суд на Република Северна Македонија и Уставниот суд на Република Косово.

– Шефот на дипломатијата Бујар Османи учествуваше на министерскиот состанок на ОН за мировни операции, кој се одржа виртуелно во организација на министрите за надворешни работи и за национална одбрана на Кореjа, Чунг Еуи-јонг и Су Вок, заедно со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

 Секретаријатот на ЦЕФТА во соработка со Коморскиот инвестициски форум и Стопанската комора на Северна Македонија денеска организираа работилница за ЦЕФТА Дополнителниот протокол 6 за трговија со услуги , со акцент на тоа какви придобивки носи протоколот за македонската економија и за регионот и како може да придонесе за поуспешно создавање на заеднички регионален пазар на Западен Балкан. ЦЕФТА Дополнителниот протокол 6 за трговија со услуги беше усвоен во 2019 година и стапи во сила на 11 јануари 2021 година. Овој документ го прошири принципот на слободна трговија во рамките на ЦЕФТА и на услужниот сектор.

– Јавна дебата на тема „Ризикот од корупција при издавање на одобренија, решенија, лиценци и дозволи во областа на транспортот и спроведување на надзор“, денеска се одржува преку електронската платформа Зум, во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

– Попладнево во Брисел се одржа четвртиот Совет за стабилизација и асоцијација (ССА) помеѓу ЕУ и Косово, на површина излезе несогласувањето помеѓу двете страни за прашањето на заедницата на српски општини, јави дописничката на МИА од Брисел.

 – Претседателот на Бугарија Румен Радев ја заврши дводневната рунда консултации во врска со предавањето на мандатот за нова влада на парламентарните партии во земјава. Тој денеска ги прими претставниците на другите две политички сили кои преговараат за коалиција – партијата „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“.

– Германски суд осуди 67-годишен електричар на 8,5 години затвор бидејќи кастрирал неколку мажи по нивно барање, јави ДПА.

– Данскиот министер за здравство Магнус Хојник е позитивен на Ковид-19 и е во самоизолација во хотел во Брисел, соопшти Министерството.

– Воведувањето задолжителна вакцинација против коронавирус е „апсолутна последна опција“, изјави денеска главниот европски функционер во Светската здравствена организација (СЗО), Ханс Клуге. 

– Европската Унија во наредните недели ќе добие претставнишво во Кабул, но тоа не значи дека Брисел ќе ги признае радикалните талибанци кои дојдоа на власт во Авганистан, изјави Набила Масрали, портпаролка на ЕУ за надворешна политика, на прес-конференција во Европската комисија.

– Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Северна Македонија е рангирана на 29. место на европската рејтинг листа на ФИБА, односно на 52. позиција во светски рамки според Светската кошаркарска федерација.

 

 

Back to top button
Close
Close