МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

6 декември 2021

6 декември 2021

– Финалето на 23-тиот Таксират – најголемиот зимски урбан музички фестивал во Југоисточна Европа, ќе се одржи утревечер во Скопје со вкупно 14 настапи на три бини во Спорсткиот центар „Борис Трајковски“. За големото затворање на овогодишниот Таксират пристигнуваат водечки светски, регионални и домашни музички уметници на електронската, рок, метал и трап/хип-хоп сцена.

 Министерката за култура, Ирена Стефоска, денеска ја реализира најавената посета на Општина Охрид и средбата со градоначалникот, Кирил Пецаков.

– Почна откупот на тутунот од годинашната реколта. Денеска се отворени 20 од 173 откупни пункта во државата. Пунктови отворија Прилепскиот тутунски комбинат, „Сокотаб“ од Битола и „Алијанса“ од Кавадарци. Годинава се склучени договори за околу 22.200 тони тутун.

– Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 101 случај на Ковид-19 од направени 1.299 тестирања. Во исто време, регистрирани се и 17 починати лица од кои 13 во претходното деноноќие, како и 393 оздравени пациенти.

– Министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски денеска во РЕК Битола го означија почетокот за изградба на топловодна мрежа од комбинатот за општините Новаци, Могила и Битола.

– По повод празникот на големиот Светител Климент Охридски, патронот на нашата Света Црква – Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, во Соборниот храм во Скопје, посветен нему, утревечер со почеток во 17:30 часот ќе се одржи свечена празнична богослужба, со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, а ќе служи Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј, во сослужение со клирици од Скопската епархија и свештенислужители од Бигорскиот манастир.

 Се прави комплетна обработка за да се докаже дали несаканата реакција, нека е тоа и смртен случај е навистина поврзана со употребата на вакцините против Ковид-19. Двете пријави кои сме ги имале во април и во септември, а се од страна на лекари, се за 85-годишен и за 53-годишен, но се уште не е докажана поврзаност со употребата на вакцините, истакна раководителката на сектор во Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Мерјем Хаџихамза на денешната онлајн средба со новинарите на која учествуваше и в.д. директорот на МАЛМЕД, Љирим Шабани.

  Во Хрватска денеска официјално се потврдени два случаја на инфекција со новиот сој на коронавирусот – Омикрон, лица кои не престојувале во Јужна Африка. Присуството на Омикрон во Хрватска на прес-конференција го потврди директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак.

 Научниците од експертската група што ја советуваат белгиската влада изразија длабоко разочарување со последните мерки кои не се во согласност со експертските препораки, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Францускиот инфектолог Жил Пиалу во изјава за „Паризиен“ предупреди дека митинзите пред претседателските избори закажани за напролет се „легло на зараза“ со коронавирусот и дека вирусот „не обрнува внимание“ на Уставот.

 Зголемувањето на бројот на случаи на ковид во Јужна Африка, каде за првпат се појави новиот сој Омикрон, досега не ги преплави болниците, и тоа доведе до умерен оптимизам дека новиот вид може да предизвика претежно поблаги форми на болеста, јави Блумберг.

– Французинката Стефани Фрапарт е најдобриот фудбалски судија во женска категорија за 2021 година, објави Интернационалната федерација за фудбал, историја и статистика – ИФФХС.

Back to top button
Close
Close