МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

6 декември 2021

6 декември 2021

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со заменик-помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави, Габриел Ескобар, на која, како што информираат, биле разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу Република Северна Македонија и САД, како и за состојбите во регионот.

– Проблемот со Северна Македонија е резултат на целосното одбивање низа бугарски влади да формулираат државна политика адекватна на новите реалности, оценува бугарскиот историчар Димитар Атанасов анализа за Дојче Веле на бугарски јазик, нагласувајќи дека „помирувањето со минатото е неизбежно“.

– САД изразуваат силна поддршка за брза европска интеграција на Северна Македонија и работиме со нашите европски партнери да обезбедиме тоа да се случи што е можно најбрзо, изјави денеска американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар, кој е во официјалната посета на земјава на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Кинескиот претседател Си Џинпинг на Меѓународниот форум во Пекинг рече дека Кина цврсто ќе застане зад основните вредности и основните принципи на мултилатерализмот, ќе се стреми кон меѓусебна корист, ќе бара заеднички јазик додека ги одржува разликите, ќе ја поддржува праведноста и правдата и ќе го промовира развојот преку соработка.

– Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го достави дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието Талат Џафери, кој треба да биде усвоен на пленарна собраниска седница најдоцна до 31 декември.

 – Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари проштална средба со досегашниот амбасадор на Република Чешка  во Република Северна Македонија, Мирослав Томан, кому на крајот на годинава му завршува мандатот.

–  Во завршна фаза е процесот на формирање агенција за безбедност на патишта, ново независно тело со професионален кадар, со крајна цел да се намалат бројот на жртви во сообраќајот. Предлог-законот е веќе подготвен, до крајот на месецов треба да биде предложен до Владата, а во првиот квартал следната година на дебата до Собранието и да биде изгласан, најави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

– Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска ги почнува консултациите со претставниците на седумте пратенички групи во 47. Народно собрание пред да го врачи првиот мандат за формирање на идната бугарска влада.

– Поранешниот дисидент и лидер на колумбиската бунтовничка група Фарк, Хернан Дарио Веласкез е убиен во заседа во Венецуела, јавија локалните медиуми.

– Синдикатите во здружен фронт денеска ќе протестираат во Белгија против обидите за ограничување на синдикалните слободи и штетните социоекономски последици од ковид кризата, јавува дописничката на МИА од Брисел.

– Не се исклучува можноста мигрантската криза во Полска да се прошири низ целата источната граница на земјата, вклучувајќи ја и таа кон Украина, изјави денеска полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак во интервју за весникот „Nasz Dziennik”.

– Најмалку три деца загинаа на југот на Египет, при уривање на зграда, јавија денеска локалните медиуми.

– Вооружени напаѓачи на мотор во Филипини убија еден градоначалник, а друг градоначалник повредија, во нападот убиен е возачот на граданачалниците, а телохранителот е повреден.

– Руските тенисери се победници во Дејвис купот, откако во финалето во Мадрид ја совладаа Хрватска со 2:1, со две победи во поединечните мечеви.

– Со убедлива победа од 10-5 Жао Ксинтонг го совлада Лука Бресел и го освои снукер-шампионатот на Обединетото Кралство во Јорк.

Back to top button
Close
Close