МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

3 декември 2021

3 декември 2021 

– На граничниот премин Прешево директорите на царинските управи на Република Северна Македонија и на Република Србија, Славица Кутиров и Бранко Радујко, денеска потпишаа Протокол за заемно признавање на одобрениjата за Овластен економски оператор (ОЕО).

– Во последните 24 часа регистрирани се нови 342 случаи на КОВИД-19, од направени 2.349 тестирања. Оздравени се 348 пациенти, а починале 7 лица, информира  Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
– Со својата стручност, желба и мотивација волонтерите претставуваат незаменлив сегмент од севкупните општествени напори во обезбедување на најразлични услуги и сервиси за многу категории на луѓе изложени на најразлични ризици. Затоа, неопходно е да се воспостави волонтерски систем, преку кој секогаш ќе бидеме подготвени да се справиме со разни видови на здравстени и социјални предизвици и катастрофи, посочи генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити.
– Партиите на власта во Србија на републичко ниво, меѓу партиски определените граѓани, имаат поддршка од околу 55 отсто од гласачите, додека околу 45 отсто од гласачите се за опозицијата. Во Белград опозицијата има 54 отсто поддршка, додека 46 отсто се за коалицијата околу владеачката Српската напредна партија (СНС), јави дописникот на МИА од Белград.
– Холандската полиција денеска уапси околу 50 демонстранти, кои го пробија обезбедувањето и упаднаа во зградата на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО) во Хаг.

– Белорусија соопшти дека ќе возврати откако САД и нивните сојузници воведоа санкции за десетина физички и правни лица и се пожали дека нејзината економија се соочува со надворешен притисок без преседан.

– Кремљ денеска соопшти дека приближно се договорени времето и датумот на средбата во форма на видео конференција меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден, но дека Москва го чека конечното одобрение од Вашингтон.

– Легендарниот фудбалер на српскиот фудбалски клуб Партизан од времето на поранешна Југославија, Момчило Вукотиќ почина на 72-годишна возраст од рак на грлото, соопшти денеска белградскиот клуб.

 

Back to top button
Close
Close