МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

3 декември 2021

3 декември 2021 

Во седиштето на СДСМ денеска кандидатура за претседател на партијата поднесе Јован Деспотовски. Рокот за доставување кандидатури истекува денеска во 16 часот, по што утре Централната изборна комисија ќе ги анализира и ќе ги верификува оние кандидатури кое се во согласност со наведените критериуми.

– Професорот Љупчо Коцарев, доктор на науки, академик и актуелен претседател на Македонската академија на науки и уметности е годинашниот добитник на највисокото општинско признание што го доделува Општина Охрид – наградата „Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид“.

– По десет дена, посмртните останки на загинатите во трагичната автобуската несреќа, од Бугарија се пренесени во земјава. Пристигнаа претпладнево со два бугарски воено-транспортни авиона на Меѓународниот аеродром „Скопје“.

– Националниот совет за евроинтеграции денеска ја продолжи третата седница, на која беше отворена дебата за Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година.

 Со песната „Дозволи ми да победам“ и онлајн активности во рамки на „Европската кошаркарска недела“, невладиното здружение Специјалната олимпијада Македонија го одбележува 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

– Партиите на власта во Србија на републичко ниво, меѓу партиски определените граѓани, имаат поддршка од околу 55 отсто од гласачите, додека околу 45 отсто од гласачите се за опозицијата. Во Белград опозицијата има 54 отсто поддршка, додека 46 отсто се за коалицијата околу владеачката Српската напредна партија (СНС), јави дописникот на МИА од Белград.

– Русија распореди повеќе од 94.000 војници во близина на границите на Украина и можеби се подготвува за голема воена офанзива кон крајот на јануари, изјави денеска во Парламентот украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников повикувајќи се на разузнавачки извештаи.

– Талибанската Влада во Авганистан денеска издаде декрет за правата на жените, во кој се наведува дека жените не треба да се сметаат за „сопственост“ и да не се принудуваат на брак.

 Европското население брзо старее, а финансиските мерки за поттикнување на раѓање деца не ги даваат очекуваните резултати, нагласи регионалната директорка на Фондот за население на ОН (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија, Алана Армитаж, додавајќи дека на демографски промени треба да се одгов ори со сеопфатни политики што се занимаваат со социјални, економски, политички фактори.

– Кога ќе ве повика клуб каков што е Манчестер јунајтед тоа не се одбива, рече денеска германскиот фудбалски стратег Ралф Рангник (63) на првата прес-конференција откако седна на клупата на „Црвените ѓаволи“.

– Од понеделник ќе преовладува претежно облачно време со пообилни врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе надминуваат 20 л/м2 . На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, информираат од УХМР.

Back to top button
Close
Close