МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

2 декември 2021

2 декември 2021

– Ние сме сè уште оптимисти за старт на преговорите на Северна Македонија. Има можност за одлука во декември, која би можело да се формализира во јануари, само доколку Бугарија состави влада, вели  словенечкиот амбасадор во државава Милан Предан.

– Во изминатите 10 години и компаниите лоцирани во ТИРЗ и државата поминале добро. Компаниите годишно во однос на приходите растат со 16 проценти, државата генерира средства во Буџетот, а во континуитет растат и платите на работниците, порача директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски на презентацијата на првичните согледувања од Сеопфатната анализа на ефектите од странските вложувања во технолошко индустриските развојни зони во изминатите 10 години што ја изготви Дирекцијата.

– Претставници на царинските, фитосанитарните и ветеринарните служби на страни потписнички на ЦЕФТА, Европската комисија и Италијанската царина, кои се и партнери на проектот за електронската размена на податоци „SEED“, на состанокот во Будва ја промовираа надградената верзија „SEED+“. Како што посочија претставниците, оваа верзија дополнително ќе ја зголеми ефикасноста и ќе ги поедностави процедурите. Во пракса, тоа ќе значи дополнително намалување на времето на чекање на премините, поедноставени процедури за инспекција, намалени формалности и помали трошоци.

– Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила директна продолжена дискриминација врз основа на попреченост и повреда на правото на еднаквост и нееднаков третман при уживањето на правата на здравствена заштита од примарно, секундарно и терцијално ниво при издржување на затворска казна, извршена од страна на КПД Идризово Скопје. Продолжената дискриминација се смета за потежок облик на дискриминација, информира денеска Хелсиншкиот комитет за човекови права.

– Откако денеска од Групацијата на производители на кеси реагираа за измените на цените на кесите, од Министерството за животна средина и просторно планирање за МИА изјавија дека поплаките им се неосновани бидејќи им е даден период до 1 јуни да работат по истите стандарди, кои се воведени во 2013 година, а во меѓувреме да го преорентираат своето работење.

 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска и утре учествува на Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан што во организација на словенечкото Претседателство со ЕУ се одржува во Брдо кај Крањ во Република Словенија, каде во текот на трите работни сесии посветени на миграцијата, борбата против тероризмот и справувањето со организираниот криминал, ги презентираше стратешките цели и активности на нашата земја од сферата на безбедноста и спроведувањето на законите.

– Со блок дотација од 180 милиони денари средства од буџетот, набавени се нови 15 комплетно опремени камиони и три машини за утоварање на ризла и сол, за потребите на Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионални патишта. Според министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, Владата покажа подготвеност, и со новата инвестиција го подигна капацитетот на зимската служба на ЈП за одржување на магистралните патишта.

– Нов мобилен ангеограф за потребите на службата за интервентна кардиологија и радиологија ќе добие Градската општа болница „Осми септември“ во Скопје, како донација од Јапонија, во вредност од 100.886 евра.

– За пет нови места за обвинители во Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција до Советот на јавни обвинители доставени се осум кандидатури.

– Амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Рејчел Галовеј, која денеска присуствуваше на дебата во Тетово, изрази надеж дека со составување на Владата во Бугарија интензивно ќе продолжи евроатлантскиот процес за Северна Македонија.

– Вакцинација и на децата од пет до 11 години, по еден бесплатен селф тест за сите граѓани, пред и по празниците; издавање потврда за прележан Ковид-19 само по направени ПЦР тест, се дел од новите мерки во Грција што денеска ги соопшти министерот за здравство Танос Плеврис, јави дописничката на МИА од Атина.

– Властите на германските сојузни држави планираат да ги заострат мерките за невакцинираните со кои драстично ќе се ограничат контактите и пристапот до продавниците и културните и спортските натпревари, а се подготвува и воведување општа обврска за вакцинација против коронавирусот, објавија денеска германските медиуми.

– Шефот на украинската дипломатија Дмитриј Кулеба денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Европска Унија, Жосеп Борел, со цел да се забрза работата на конкретни економски ограничувања на руската економија доколку Москва започне нова офанзива.

 

Back to top button
Close
Close