МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

1 декември 2021

1 декември 2021

  На владина седница не е разговарано за понудата на ЕСМ за цена на струјата кај универзалниот снабдувач и информациите во јавноста за колку проценти таа ќе поскапи се непотврдени. Не е разговарано ни за тоа дали ќе остане или не евтината тарифа од 1 јануари, рече портпаролот на Владата Душко Арсовски на прес-конференција на која ја соопшти  одлуката од денешната 123-та владина седница за шест месеци, односно до 9 јуни 2022, да биде продолжен рокот на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија.

– Последниот пациент кој беше повреден во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, денеска е отпуштен од Клиниката за неврохирургија на болницата Пирогов во Софија. Медицински тим од Република Северна Македонија попладнево го пренесува пациентот во татковината, јави дописникот на МИА од Софија.

 Не треба да се создава паника со најави за високи поскапувања, рече портпаролот на Владата Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање дали државата ќе го запре поскапувањето по примерот на српската влада која ги замрзна цените на основните прехранбени производи на 60 дена.

– Центарот за управување со кризи е подготвен да се стави на располагање на сите органи и институциите, но, и на граѓаните во претстојниот зимски период кога се можни пообилни врнежи од снег. Државата има план за акција во такви услови, пред се во насока на одржување на магистралните и регионалните патишта. Проблем претставува недоволниот број возила и механизација со која располага ЈП „Македонија Пат“ и нивни чести дефекти. Исто така, потребно е и локалните самоуправи да се подготват со оглед на тоа шпто локалните патишта се под нивна надлежност.

– Според најавите од Обвинителството на Бугарија, идентификацијата на телата на 45-те жртви во сообраќајната несреќа минатиот вторник на автопатот „Струма“ треба да биде завршена до утре, по што ќе почне подготовката тие да бидат донесени во земјава, соопштија владините портпароли денеска на редовната прес-конференција.

– Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска имаше средба со извршната директорка на УНФПА Наталија Канем и со Алана Армитаж, директорка на регионалната канцеларија на УНФПА за источна Европа и централна Азија.

– Институтот за јавно здравство на Косово (ИКШПК), по повод 1 Декември – Светскиот ден на ХИВ/АИДС, соопшти дека во земјата годинава се регистрирани осум нови случаи на заболени од СИДА, јави дописникот на МИА од Приштина. Меѓу новозаболените годинава е и едно дете под 15-годишна возраст, објави ИКШПК.

На Германија до 2030 година ќе ѝ недостигаат најмалку 180.000 вработени во медицинскиот сектор, а бројот на граѓани зависни од туѓа грижа ќе се зголеми на над шест милиони, еден милион повеќе од очекуваното, покажува истражувањето на здравственото осигурување Бармер, а кое денеска беше претставено во Берлин.

– Четири лица се повредени во експлозија на авионска бомба од Втората светска војна. Експлозијата се случи на мост во близина на многу фреквентна железничка станица во Минхен, Германија, објави денеска локалната полиција преку својот Твитер налог.

– Постојаните претставници на 27-те земји членки на Европската унија (ЕУ) го усвоија петтиот пакет санкции против белоруските власти, соопштено е денеска во Брисел.

– Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто оцени дека притисокот од мигрантите на јужната и југоисточната граница на Европа претставува безбедносен ризик и оти НАТО треба да се справи со тие предизвици.

– Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека ќе почне преговори за меѓународен договор за превенција и контрола на идните пандемии додека светот се подготвува да се бори против новиот сој на коронавирусот – Омикрон.

 

Back to top button
Close
Close