МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

30 ноември 2021

30 ноември 2021

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македнија, Бујар Османи, денеска и утре во Рига ќе учествува на редовниот состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи.

 Претседателот на Регулаторната комсија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски денеска ќе заседава со 50-тиот Борд на регулатори на Енергетската заедница што се одржува во Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествува на 19-тиот состанок на Министерскиот совет на Енергетската заедница што ќе се одржи во Белград, Република Србија, која е преседавач со Eнергетската заедница за 2021 година.

– Во посета на Република Северна Макеоднија денеска ќе престојува министерка за внатрешни работи на Италија, Лучана Ламорџезе.

– Министерката за регионален развој на Бугарија Виолета Комитова денеска ќе ги презентира резултатите од инспекцијата што беше направена на автопатот „Струма“ по автобуската несреќа на 23 ноември во која животот го загубија 45 лица.

– На Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе се одржи свеченост по повод доделување на јубилејната награда 100 години од основање на Факултетот.

– Комисијата за заразни болести вчера донесе одлука дека нема потреба од нови мерки за заштита и превенција од новиот сој на коронавирусот Омикрон. Министерот за здравство, Венко Филипче заклучи оти епидемиолошката состојба е стабилна, а двонеделната инциденца се намалува со некаде околу 14 проценти и минатата недела има околу пет проценти помалку дијагностицирани случаи во однос на онаа недела претходно и во болниците има поголем број на слободни кревети.

– На планинскиот превој Стража изутринава од 6:30 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила. Забрана за камиони има и на патниот правец Тетово – Попова Шапка, како и на планинскиот превој Ѓавато. За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема, информиаат од АМСМ и ЈП Македонијапат.

– „Борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија – Превенција, Гонење, Заштита и Партнерства“ е темата на денешната панел дискусија на која владини претставници и национални и меѓународни партнери ќе споделат информации за борбата против трговијата со луѓе во земјава.

– Програмскиот дел од можната идна соработка на Алтернатива во Владата е начелно договорен на вчерашната средба на премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, додека консултации за кадровските решенија се во тек и по консултации во партиите ќе следи и нова работна средба со тимовите.

– Во Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, во Галерија „КО-РА“, вечерв ќе биде отворена изложбата „Надворешниот свет како симболика на внатрешни“ на уметникот Зоран Бошковски. Делата се изработени во техника линорез, колографија, монотипија.

– Илезе од печат книгата „Медитација за мојата уметност“ од авторот Беким Рамадани.

– Изложбата „Криза 2“ на уметникот Игор Станоески вечер ќе биде отворена во Галерија „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје.

– Селекторот Драган Бајиќ констатираше дека македонските кошаркари одиграле две дијаметрално спротивни полувремиња во вчерашниот гостински пораз од Украина со 61:78 (34:30) во рамки на вториот натпревар во мундијалските квалификации.

– Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтер го погоди западниот дел на Турција, јави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк. Епицентарот бил во близина на градот Урла во округот Измир на брегот на Егејското Море.

– Турски суд му одреди притвор пред судењето на основачот на турската опозициска Партија за демократија и напредок (ДЕВА), Метин Гурџан, поради „политичка и воена шпионажа“, јави турската новинска агенција Анадолија.

– Министрите за надворешни работи на НАТО ќе се сретнат денеска во Рига, загрижени поради распоредувањето руски војници во близина на источната украинска граница и мигрантската криза меѓу Белорусија и Полска.

– Пентагон ќе се фокусира на изградба на бази во Гуам и во Австралија со цел подобро да ја подготви американската армија да и се спротивстави на Кина, изјави висок претставник на американското Министерство за одбрана.

– Претпладне ќе биде облачно со повремени врнежи кои и на некои пониски места ќе преминуваат во снег. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Повремени слаби врнежи од снег се очекуваат и во делови од Скопската Котлина. Попладне врнежите ќе престануваат и ќе настапи постепено разведрување. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната 3 од 9 степени. Најниска температура во земјава изутринава е измерена во Лазарополе -4 и во Маврово -3. На останатите места насекаде е над нулата, а максимални шест степени се измерени во Гевгелија, соопшти УХМР. Во Лазарополе наврна и најмногу снег 28 сантиметри, на Попова Шапка снежната покривка е 21, а во Маврово 11 сантиметри. Најмногу дожд, пак, во изминатите 24 часа наврна во Охрид 34 литри на метар вадратен, потоа во Дебар 32, Маврово 29, Тетово 24, Крушево 21, Скопје 15, а најмалку во Гевгелија пет литри. Околу полноќ во северните делови на земјава започна да дува засилен ветер од северен правец. Умерен до силен северен ветер, претежно долж Повардарието, се задржа преку ноќта, а утринава ветерот е најсилен во Штип каде што дува со брзина и од над 55 км/час. Утрово преовладува променлива зголемена облачност понекаде со слаб до умерен дожд кој на крајот од ноќта во Крива Паланка премина во снег. Појава на снег во 7 часот има во Берово и Прилеп.

 

Back to top button
Close
Close