МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 ноември 2021

26 ноември 2021

– Во рамките на Меѓународната конференција за жените Ромки што се одржа во Советот на Европа во Стразбур, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска имаше средба со генералната секретарка на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ, информираат од Министерство за труд и социјална политика.

– Остануваме оптимисти за решение на прашањето со Бугарија до крајот на годината. Сметам дека се уште е реално да се очекува дека барем може да се подготви теренот за да се дојде до договор, што може да биде донесен во јануари. Сигналите од потенцијалниот нов премиер на Бугарија се охрабрувачки, тој има порационален пристап, велејќи дека историјата не треба да биде главно прашање во билатералниот дијалог, туку само дел од него, изјави во интервју за МИА словенечкиот амбасадор Милан Предан.

– Има потреба од интервенција во законските решенија и оти со договор и со консензус во нашите парламенти треба да ги имплементираме, а со нив новинарите во однос на сигурноста и безбедноста на работата би се третирале како службени лица кои извршуваат обврска за и во име на граѓаните. Таа одредница треба да ја имплентираме имајќи предвид дека сите ние во регионот целиме да бидеме членки на Европската унија, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери на Регионална конференција за „Подобрување на дијалогот меѓу парламентите и новинарите од Западен Балкан”.

 Албанскиот премиер Еди Рама на заедничката прес-конференција со неговиот косовски колега Албин Курти, одржана по заеничката седница на владите на двете земји во Елбасан, одговори на прашањето: кој би бил неговиот глас за национално обединување со Косово.

– Мрежата SafeJournalists побара што е можно поскоро да се процесуираат сите случаи на напади врз новинарката на весникот „Данас“, Снежана Чонградин, соопшти денеска Независното здружение на новинари на Србија (НУНС).

– Идентификуван е еден случај на сојот Ну во Белгија, соопштија болниците. Сојот Б.1.1.529 првично детектиран во Јужна Африка, и попознат под името Ну има многу брз капацитет на репродукција и е веќе присутен во повеќе земји.

– Италијанскиот премиер Марио Драги и претседателот на Франција денеска во Рим потпишаа договор за зајакнување на билатералните односи. Договорот предвидува интензивирање на соработката во одбраната, економијата, културата, трговијата и миграцијата.

– Цените на нафтата денеска се намалија по под 78 долари за барел на меѓународните берзи, поради стравот на трговците дека новиот сој на коронавирусот може да го забави закрепнувањето на економијата и побарувачката на нафта, што би можело а резултира со значителен вишок во понудата.

– Климатските активисти и синдикатите на „Црн петок“ протестираа низ Европа и светот пред магацините  на Амазон, компанија во сопственост на еден од најбогатите луѓе во светот, која честопати е критикувана за непочитување на работнички права и недоволно платените даноци.

– Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, по вчерашниот шокантен пораз на гостувањето кај словенечка Мура од 2:1 во УЕФА Конференциската лига, оцени дека премиерлигашот од Лондон во моментов не е на високо ниво.

 

Back to top button
Close
Close