МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

25 ноември 2021

25 ноември 2021

– Функционирањето на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, неговата кадровска екипираност, како и идните планови во врска со преселувањето во новите простории, беа теми на разговор на средбата меѓу обвинителката Вилма Русковска и претставници на делегацијата на Европската Унија во земјава, предводени од амбасадорот Дејвид Гир.

– На почетокот на годинешната кампања „16 дена активизам против родово базираното насилство“, нашата главна порака е што поскоро да се пристапи кон усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

– Екипи на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје во текот на денешниот ден спроведоа акција за чистење на сливниците и шахтите во сите општини на територија на Град Скопје.

 Кривична пријава против лицето С.А.(36), раководител во Центар за вработување при АВРМ, денеска поднесе Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, поради постоење  основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Во септември 2021 година се потрошени вкупно 528 695 мегаватчасови електрична енергија, 37.226 милиони нормални метри кубни природен гас, 435 707 тони јаглен и 92 829 тони нафтени продукти.

– Во знак на глобалната кампања „16 дена активизам за спречување и елиминација на родово базираното насилство врз жените“, Ромската асоцијација за жени и млади „Лулуди“ соопшти дека се приклучува на спроведување на кампањата, под слоганот #ДалиЕОваЗнак?

– Рускиот претседател Владимир Путин на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ во Сочи изјави дека ќе се најде решение за цената на рускиот гас, што ќе биде прифатливо за Србија и му посака на Вучиќ успех на следните избори во април.

– Во присуство на шефот на грчката дипломатија и претставници од Министерствата за надворешни работи и здравство на Гана, Грција ѝ донираше на Гана 150.000 дози од вакцината против Ковид-19, што според Никос Дендиас е „знак за грчката солидарност“, јави дописничката на МИА од Атина.

 Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому категорично ја отфрли можноста за воведување нов целосен карантин во Грција, објаснувајќи дека се насочени кон напорите за зголемување на имунизациската покриеност и зајакнување на здравствениот систем, јави дописничката на МИА од Атина.

 Франција соопшти дека мобилизира резервисти и засилува операции за спасување на море во момент кога Лондон и Париз разменуваат обвинувања за смртта на 27 мигранти кои загинаа во обид да стигнат до Британиа со помош на гумен чамец. Мигрантите се удавиле во Ламанш.

– Насилството врз жените е голема закана за нивната слобода и права, вклучително и онлајн насилството и кибернетичкиот криминал, а постојат алатки за борба против него, како што е Истанбулската конвенција, но треба да се направи многу повеќе за да се подобри ситуацијата, порача денеска Советот на Европа.

– Кинеското Министерство за национална одбрана соопшти дека американската морнарица провоцирала во Тајвански Проток и во Јужно Кинеско Море. Соопштението на кинеското Министерство за национална одбрана уследи по транзитот на американскиот воен брод.

Македонската женска фудбалска репрезентација попладнево во Скопје загуби од Северна Ирска со 0:11. Во меч којшто се играше во рамките на европските квалификации Д-група за пласман на Светското првенство 2023, гостинките доминираа и уште во раната фаза ставија јасно до знаење кој ќе ги освои трите бода. Веќе на полувреме имаа предност 7:0.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close