МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

3 ноември 2021

3 ноември 2021

 – Поттикнувањето на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“ продолжува на работен состанок денеска и утре во Белград, на којшто во име на Владата на Република Северна Македонија ќе учествува вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.
– Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска ќе се обрати на „Тркалезната маса за финансирање инфраструктурни инвестиции за одржлив локален развој и економско закрепнување“.
– Придобивките од медијацијата, како алтернативен метод на решавање на споровите, ќе бидат презентирани на промотивната конференција насловена „Со медијација кон подобрување на правото за пристап до правда“ што ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје.
– Пари за реализација на проекти од патната и железничката инфраструктура, за изградба на магистрални гасоводи и интерконективни гасоводи со Грција и Косово, како и за здравството, образованието и земјоделството, се предвидени во Предлог-буџетот за 2022 година. Обезбедени се и пари за редовна исплата на плати, пензии и социјални трансфери.
– Владината коалиција е против предвремени избори. Велат дека парламентaрното мнозинство е стабилно и треба да продолжи. Предвремените парламентарни избори според нив единствено би ја втурнале земјата во политичка, економска, општествена и безбедносна криза, но исто така ќе ги закочат и процесите на европски интеграции. Порачуваат дека на Северна Македонија и е потребна Влада со јасен евроатлантски курс на дејствување, која испорачува резултати во интерес на граѓаните, посебно во време на пандемијата и енергетска криза.
Политичките партии успешно ги мотивирале гласачите и во вториот круг во сите 43 општини и Градот Скопје го зголемија бројот на гласови, споредeно со освоените гласови во истите општини во првиот круг. Најголем раст во добиените гласови во вториот круг има СДСМ – 27.358, потоа ВМРО-ДПМНЕ – 26.315 и ДУИ – 22.618 гласови.
– Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Република Северна Македонија (2021-2025) денеска ќе биде промовирана заедно со обезбедената медицинска опрема за затворските установи.
– Првата македонска национална стриминг платформа „GLEY“ („ГЛЕЈ“) ќе биде промовирана денеска во City Hall. Станува збор за стриминг видео платформа, која нуди атрактивна и внимателно селектирана локална, нова регионална и интернационална филмска и детска програма, комплетно обработена на македонски и на албански јазик.
– Откако неколку дена се бележеше тенденција на опаѓање, вчера беше забележан повторно раст на заболени од Ковид-19. Беа регистрирани нови 593 случаи, од вкупно 3.391 тестирања, при што повторно најмногу новозаболени има во Скопје. Минатата недела најголем раст на новозаболени имало кај населението од 20 до 29 години.
– Нова самостојна изложба на академскиот уметник Љупчо Бојаров насловена  „ПРЕДЕЛИ – симболи во дрво, стакло …“ ќе биде отворена вечер во 19 часот во Културно – информативниот центар во Скопје.
– Во Младинскиот кулурен центар вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Пандорината кутија: Наследството на ќерката“, по текст и во режија на Ришард Ниечим од Канада.
– Во Националната галерија, објект Чифте амам вечер ќе биде отворена јубилејната изложба „Ѓорѓи Зографски (1871-1945), 150 години од раѓање“. На изложбата ќе бидат претставени 50-тина дела, икони и слики од сите творечки фази на авторот. Тие се дел од колекциите на Националната галерија, Народен музеј – Велес, црквите „Св. Пантелејмон“, „Св.Спас“, „Св. Димитрија“ и „Успение Богородичино“ – Велес, семејството Зографски и голем дел од приватни сопственици. Куратори на изложбата се Славица Алексоска и Маја Неделкоска Брзанова.
– По неколкудневна расправа во Советот за безбедност, беше усогласена Резолуција според која високиот претставник Кристијан Шмит нема да зборува пред Советот за ситуацијата во БиХ, а ОХР нема да биде спомната во конечната верзија за продолжување на мандатот на ЕУФОР во БиХ, објави сараевски Дневни аваз.
– Руската амбасада во Софија на својата Фејсбук страница потврди дека на барање на „бугарското раководство“, добавувачот на гас од Русија „Гаспром“ направил отстапки за Бугарија.
– Нови американски бази во Бугарија и Романија, заедно со Истанбулскиот канал, би биле клучни за присуството на НАТО во Црното Море, што е сериозен притисок врз Русија на полуостровот Крим, изјави за радио Фокус бугарскиот професор Владимир Чуков, експерт за меѓународни односи, по повод изјавата на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров дека САД активно го туркаат Балканот кон конфронтирачка политика.
– Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел денеска ќе ја посети Франција како канцелар, а нејзиниот домаќин, претседателот Емануел Макрон, одлучи да ја угости во Бон, град во Бургундија познат по виното и богатото културно наследство, јавија француските медиуми.
– На Волстрит берзанските индекси достигнаа нови највисоки нивоа во историјата додека инвеститорите ги чекаат одлуките на лидерите на американската централна банка за намалување на монетарните стимулации. Dow Jones зајакна за 138 поени, или 0,39 отсто, на 36.052 поени, додека S&P 500 порасна за 0,37 отсто, на 4.630 поени, а индексот Nasdaq порасна за 0,34 отсто, на 15.649 поени.
– Франција сака природниот гас да биде вклучен во листата на инвестиции на Европската унија што придонесуваат за одржливиот развој, јавија француски медиуми цитирајќи документ во кој имале увид.
 Чешките партии од центарот и десниот центар, предводени од коалицијата Заедно, постигнаа договор за формирање влада и нејзината клучна програма, изјави лидерот на коалицијата Петар Фиала.
Демократот Ерик Адамс, поранешен полицаец, поборник против расната дискриминација, победи на изборите за градоначалник на Њујорк.
 Централната влада на Етиопија прогласи вонредна состојба на национално ниво што ќе важи во следните шест месеци, откако Народноослободителниот фронт на Тиграј (ТПЛФ) последните денови успешно напредува на територијата во државата.
– Времето наутро по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен, а на места вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен. Во Скопје, наутро со појава на магла и ниска облачност, која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 17 степени.

Back to top button
Close
Close