МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

29 октомври 2021

29 октомври 2021

– Со Северна Македонија имаме заедничко минато и заедничка иднина, изјави привремениот бугарски премиер Стефан Јанев во дискусија на Фејсбук, при тоа апелирајќи земјава да ги признае правата на оние граѓани кои себе си се идентификуваат како Бугари.

– Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) денеска го одржа своето редовно 21-во Генерално собрание на кое беа презентирани стратешките определби на Комората за периодот 2021-2023, како и  активностите кои ја одбележаа оваа година.

– Во септември 2021 година просечната каматна стапка на вкупните кредити оствари месечен и годишен пад од 0,03, односно 0,24 процентни поени и изнесува 4,46 отсто. Кај просечната каматна стапка на вкупните депозити е забележан минимален месечен пад од 0,01 процентни поени и изнесува 0,78 проценти, додека на годишна основа оваа каматна стапка е намалена за 0,20 процентни поени.

– Три урбанистички проекти вон опфат на урбанистички план во Гази Баба добија решение за запирање на постапката за одобрување, информираат од општината.
– Депозитите бележат раст и во услови на пандемија, а банкарскиот сектор е ликвиден. Иако банките и штедилниците ги следат трендовите на дигитализација, уште долги години ќе има потреба од експозитурите и шалтерите. Предизвик во следниот период останува поголемата едукација на населението за финансиска писменост.
Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст-Струмица“ вечер во кафе бар „наГоре“ во Струмица организира поетско читање, видео проекцијата и разговори за животот, делото и творештвото на Џек Хиршман, американски поет и активист. За музичкото интермецо и поддршката на поетските рецитали е задолжен Панче Илиев – Пи.
Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија го продолжи рокот за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2020 година до 15 ноември 2021 година.
– Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони, Јован Деспотовски оствари средба со новиот амбасадор на Француската Република, Сирил Бoмгартнер на која се разговараше за новиот концепт на привлекување инвестиции и заеднички активности за засилено присуство на француските компании во земјава.
– Најважно е преговорите со ЕУ да почнат во најскор можен рок, до крајот на оваа година. Тоа е суштински важно и во интерес не само за нас, туку за целиот регион, за ЕУ, па и за Република Бугарија. Надминувањето на разликите со Софија е еден процес, чија рамка ја дава Договорот за пријателство од 2017 година. Но, изборите во двете земји не придонесуваат за решение, оцени денеска шефот на дипломатијхата Бујар Османи. 
Од 1 јануари идната година во Србија автомобилите наместо по кубикажа ќе се оданочуваат според годината на производство, најави министерот за финансии Синиша Мали во Собранието.
– Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека в сабота или в среда ќе се вакцинира против Ковид-19 со трета доза и додаде дека е крајно неодговорно некој што е член на Владата на Србија или работи како лекар да биде невакциниран, јави дописникот на МИА од Белград.
–  СЗО Европа денеска повика во текот на зимата училиштата да останат отворени, но со соодветни мерки за превенција и одговор, со оглед на тоа дека Европскиот регион на СЗО четири последователни недели бележи зголемена трансмисија на Ковид-19. Европскиот регион е единствениот со такви бројки, и тиа изнесуваат 57 отсто од новите случаи во светот во третата недела од октомври.
– Властите во Белорусија ја блокираа програмата на Дојче веле, германскиот медиумски сервис за странство, соопшти денеска раководството на медиумот во Бон.
– Годишната инфлација во еврозоната нагло забрза во октомври, достигнувајќи го максимумот за изминатите 13 години, поттикната од повисоките цени на енергенсите, покажаа податоци на Евростат.
 Министрите за финансии и за здравство од 20-те најголеми светски економии (Г20) денеска нагласија дека сакаат 70 отсто од светското население да се вакцинира против Ковид-19 во следните осум месеци и формираа работна група за подобра борба против пандемијата.
– Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди се најде во идеалниот тим на колото во шпанската Ла Лига, откако вчера го предводеше својот Леванте до бод на домашен терен против актуелниот шампион Атлетико Мадрид. Барди беше двоен стрелец во ремито од 2-2, биејќи прецизно од белата точка во 37. и 90. минута.

Back to top button
Close
Close