МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

28 октомври 2021

28 октомври 2021

– Во односите меѓу Србија и Северна Македонија нема посебни проблеми, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за белградска ТВ Н1. Тој воедно наведе дека иако земјите од регионот зборуваат за потребата од соработка, меѓусебните конфликти повремено излегуваат на површина, јави дописникот на МИА од Белград.

 Министерството за здравство соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби изутрината почина 17 – годишна пациентка од село Сопотиница, Демир Хисар.

– Вкупно 48 домашни компании, мали, средни и големи, најмногу од трговската и производствената дејност во секторите прехрана, угостителство и хотелиерство, имаат сертификат „Фер со потрошувачот“. Сертифицирани, иако понезначително, се и фирми од секторите домување, услуги за испорака на едукација и козметика.

– Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, порача дека Соединетите Американски Држави (САД) треба или да ги испорачаат борбените авиони Ф-35 кои Турција ги има платено или да ги вратат парите, или наместо тоа да дадат друг производ, јави агенцијата Анадолија.

 Поранешниот министер за финансии на Бугарија Асен Василев и лидер на новоформираната коалиција „Продолжуваме со промените“ испратија официјална покана до лидерот на ГЕРБ за јавна дебата. Информацијата е објавена на профилот „Продолжуваме со промената“ на Фејсбук. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Асен Василев испратил покана до Борисов по повод неговиот неодамнешен говор за медиумите во кој лидерот на ГЕРБ рекол „Да се ​​каже дека се украдени 8 милијарди од Бугарија, значи дека ретко сте неписмени“.

– Шпанската Влада има намера да забрани рекламирање штетни прехранбени производи наменети за деца, соопшти денеска Министерството за потрошувачка. Владата ќе го регулира рекламирањето на прехранбени производи кои се штетни за здравјето на малолетниците за да ги заштити нивните интереси од оние на прехранбените компании, соопшти Министерството преку својот Твитер налог. Во Шпанија секое трето дете страда од прекумерна тежина или дебелина, а рекламирањето на штетна храна е една од причините за овој тренд.

– Од почетокот на годината, Европската Унија извезла 1,2 милијарди дози вакцина против Ковид-19 во 150 земји, соопшти претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

– Индија не се согласува со целта за намалување до нула на штетните гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина до 2050 година и побара повеќе „јаглероден простор“.

– Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја верува дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун нема здравствени проблеми, објави Јонхап. Разузнавачката служба дошла до овие заклучоци користејќи технологии за вештачка интелигенција.

 

Back to top button
Close
Close