МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

28 октомври 2021

28 октомври 2021

– Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите дека од 30 октомври, заклучно со 19:00 часот на 31 октомври, важат правилата за изборен молк.

– Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) заклучно со минатиот месец има потпишано договори во износ од 160 милиони евра, а очекувањата се дека до крајот на годината вкупниот износ на инвестиции ќе надмине 300 милиони евра.

– Зимското сметање на времето почнува в недела во 3:00 часот со поместување на времето за еден час наназад, сметајќи се како 2:00 часот, информираат од Бирото за метрологија.

– Зелената иднина се повеќе се профилира како право на секој човек и граѓанин, меѓутоа автоматски и како одговорност на секој од нив. Само со еден сеопфатен зелен поглед може да се постигнат промените кои ги сакаме за да градиме зелено општество за сите. Ако не се прифатат, негуваат и унапредуваат зелените вредности во целост, како неделиви едни од други, ќе останеме во истото поларизирано општество кое нема да успее ниту на политички, ниту на економски, а најмалку на зелен план, беше заклучено на денешната конференција „Зелено општество за сите“.

– Во последните девет месеци евидентирани се 2.300 поплаки, жалби и прашања од незадоволни потрошувачи. Најголемиот дел се во доменот на сервисирањето, посебно кај технички сложените производи како машини за перење и кај мобилните телефони. Но, многу реакции од граѓани има и во однос на услугите, како и за онлајн купувањето, највеќе преку нелегалната фејсбук продажба.

– Стратешкиот зелен инвестициски фонд на ТИРЗ, кој е само еден сегмент од Планот за забрзан економски раст, се очекува да поттикне инвестиции во износ од околу 750 милиони евра и да се креираат нови 15 илјади работни места.

 Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 5.532 дози вакцини, од кои 666 како прва доза, 1.050 се ревакцинирани, а 3.816 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 27 октомври, вкупно се вакцинирани 803.408 граѓани, ревакцинирани се 773.537, а трета доза примиле 24.021 граѓани, соопшти  денеска Министерството за здравство.

– Народната банка (НБ) продолжува со остварувањето на стратегиската определба за придонес и вложување во едукацијата и професионалната надградба на економските кадри во земјата и во регионот. За таа цел, како што посочуваат од НБ, се вклучи и во 44. регионален курс за основните прашања на меѓународната економска агенда за земјите во транзиција организиран од Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) и Економскиот факултет во Скопје, којшто се одржува деновиве.

– За Бугарија да ја поддржи Северна Македонија, бугарското малцинство мора да биде впишано во Уставот на државата, вели лидерот на бугарската партија ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов.

– Кинескиот министер за надворешни рабито Ванг Ји во рамки на посетата на Грција, Албанија, Италија, денес со делегацијата во Белград оствари средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

– Американскиот специјален пратеник за Балканот, Метју Палмер, и дипломатката на Европската унија, Анџелина Ајхорст, денеска во Сараево ги почнаа разговорите со босанските политичари за изборните реформи, но клучните учесници веќе потврдија дека не се откажуваат од нивните барања, кои го блокираа процесот.

 Претседателката на Европската комисија, пред да замине за Рим каде ќе се одржи состанокот на 20-те најмоќни држави во светот, се обрати пред медиумите и ги соопшти амбициите на ЕУ за овој состанок, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Францускиот претседател Емануел Макрон денеска телефонски разговараше со австралискиот премиер Скот Морисон, што е нивни прв разговор по дипломатската криза поради прекинатиот договор за подморници од минатиот месец, соопшти Елисејската палата.

Кризата поради пандемијата на коронавирус предизвика „најголем пад на миграциските текови досега“ во земјите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во 2020 година.

– Иранскиот заменик министер за надворешни работи Али Багери денеска изјави дека не е планирана директна средба со претставник на САД за време на новата рунда нуклеарни преговори во Виена.

Фудбалската конфедерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) излезе со соопштение против идејата Светското првенство да се одржува на секои две години. „Нема причина, предност или оправдување за промените предложени од ФИФА“, се вели во соопштението на официјалната веб-страница на КОНМЕБОЛ.

 

Back to top button
Close
Close