МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

27 октомври 2021

27 октомври 2021 

 Ефективните политики за враќање, реадмисија и реинтеграција на мигрантите, со целосно почитување на меѓународното право и стандарди, се централни аспекти на доброто управување со миграциите и главна тема за дискусија на Регионалната конференција за реадмисија и борбата против нерегуларната миграција во Западен Балкан што од денеска се одржува во Охрид.

– Денарот е стабилен, а ценовните движења се должат на растот на цените на енергенсите на светските берзи по високиот пад минатата година, како и на привремените нарушувања на синџирите на снабдување предизвикани од пандемијата. Ова се промени од привремен карактер, коишто би стивнале до година, а подгревање на инфлациските движења не е потребно, порача денеска вицегувернерката на Народнaта банка, Емилија Нацевска.

 Државната секретарка во МВР Магдалена Несторовска денеска учествуваше и имаше воведно обраќање на Регионалната конференција за реадмисија, организирана од Регионалниот центар на Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци (МАРРИ), како дел од проектот „Намалување на илегалната миграција кон Европската унија преку зајакнување на капацитетите на структурите поврзани со миграцијата во Западен Балкан“.

 Можностите за унапредување на соработката во сите области, а особено во борбата против организираниот и прекуграничниот криминал беа во фокусот на денешната средба на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески со Иван Гешев, Главен јавен обвинител на Република Бугарија.

– Со цвеќе в рака, стотици граѓани, но и политичкиот свет во Грција, денеска се простија со претседателката на централно левичарската партија Движење на промена Фофи Генимата, која во понеделникот на 57-годишна возраст почина, јави дописничката на МИА од Атина.

– Двајца авганистански државјани, сместени во хотел во албанскиот пристанишен град Шнѓин, се притворени, по информациите дека поседуваат фалсификувани документи. Полицијата информираше дека во текот на верификацијата на документите за идентификација, за патување и личната изјава, било потврдено дека се фалсификат.

– Словенечкиот министер за економија Здравко Почивалшек денеска најави остри мерки против оние кои не ги почитуваат антиепидемиските правила, откако во последните 24 часа беа потврдени 3.166 новозаразени лица со Ковид-19, што е втора по големина бројка годинава.

– Американксиот државен секретар Ентони Блинкен од 28 октомври до 2 ноември е во посета на Ватикан, Италија и Обединетото Кралство, јавија од Стејт департментот. 

– Губењето на работните часови оваа година поради пандемијата на Ковид 19 ќе биде еквивалентно на 125 милиони работни места со полно работно време, со голем јаз меѓу богатите и сиромашните, објави денеска Меѓународната организација на трудот (МОТ).

– Богатството на сопственикот на Тесла, Илон Маск за еден ден се зголеми за 36 милијарди долари, што е најголема заработка за еден ден забележана на индексот на милијардери на Блумберг.

– Повеќе од 600.000 домаќинства во североисточниот дел на САД денеска останаа без електрична енергија поради невреме, соопшти американската метеоролошка служба. Брзината на ветрот достигнува 140 km/h. Најпогодена е сојузната држава Масачусетс, каде 466.000 домаќинства останаа без струја.

– Американската лабораторија „Мерк“ денеска објави дека е постигнат договор што ќе овозможи дистрибуција на големо на генеричка верзија на нивниот антиковид лек за лица заразени со вирусот. Компанијата „Медисин патент пул“ (Medicine Patent Pool) објави дека потпишале договор за дозволи со „Мерк“ за да го олесни светскиот пристап до лекот мoнулпиравир.

– Велика Британија соработува со агенциите на ОН и други со цел да направи се што е во нивна моќ за да им помогне на народот во Авганистан, но не може да им се напише „бланко чек“ на талибанците, изјави денеска премиерот Борис Џонсон.

На Твитер се појави фотографија со резултатите од гласањето за победникот на Златната топка 2021 година. Победник според овие информации е напаѓачот на Баерн Роберт Левандовски. Полскиот фудбалер има 627 гласа. Следува играчот на ПСЖ, Лионел Меси, а по него е Карим Бензема од Реал Мадрид (526).

Back to top button
Close
Close