МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

27 октомври 2021

27 октомври 2021 

– Сите учесници на Локалните избори 2021 се должни еден ден по завршување на изборната кампања, односно еден ден пред одржување на вториот круг на гласање – 30 октомври годинава, да изготват и до Државниот завод за ревизија, Државната изборна комисија и Државната комисија за спречување на корупцијата да достават Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за финансирање на изборната кампања, укажува Државниот завод за ревизија (ДЗР).

– Инвестициите имаат значајна улога во заздравување на економијата и постигнувањето на повисоки стапки на раст. За таа цел со Планот за забрзан економски раст што го подготви Министерството за финансии, а вчера беше усвоен од Владата, се обезбедува координиран пристап на јавниот и на приватниот сектор како начин за проширување на опфатот на опциите за финансирање одржлив раст на економијата и поттикнување деловни иницијативи. Покрај предвидените инвестиции од 4 милијарди евра од јавниот сектор се проценува дека дополнително ќе бидат инвестирани 8 милијарди евра приватен капитал, а за тоа е воспоставен и начин за управување со целиот процес и широк дијапазон на инструменти, преку комбинација на традицонални и иновативни инструменти за финансирање.

– Агенцијата за пошти денеска објави награден конкурс за истражувачки труд од областа на поштенските услуги на тема  „Развојот на поштенскиот пазар во Република Северна Македонија“.Наградата што ќе ја додели Агенцијата за пошти е во паричен износ од 30.000 денари, а конкурсот е отворен до 10 декември годинава.

– Во Северна Македонија постои јасно видлива политичка определба за спроведување на децентрализацијата, но потребно е дополнително разјаснување на законодавството и понатамошно унапредување на реформите во сферата на локалната самоуправа, се наведува во Препораката за земјава што денеска едногласно ја усвои Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа.

– Одделението за внатрешни работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против Ш.Ш.(35) од Радовиш и уште едно лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „поткуп при избори и гласање“ по член 162 од Кривичниот законик.

– Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница изгласа поништување на вчера донесената измена на Упатството за важечки и неважечки ливчиња. Претседателот на ДИК Александар Даштевски и членот на Комисијата Борис Кондарко објаснија дека оваа измена на Упатството произлегла од пресудата на Управниот суд за избирачкото место во Шуто Оризари и каде судот констатира дека е недозволиво поради пропусти на избирачкиот одбор односно не ставање печат, гласачките ливчиња да се прогласуваат за неважечки.

– По денешната одлука на бугарскиот Уставен суд доскорешен министер за економија во преодната влада и еден од лидерите на движењето „Промените продолжуваат“, Кирил Петков, ја презеде целосната одговорност за тоа што го стори со своето двојно државјанство, јави дописникот на МИА од Софија.

– Премиерот на Словенија, Јанез Јанша согласно првостепена пресуда мора да се извини на Социјалдемократите (СД) и да плати отштета од 10.000 евра поради неговата изјава дека седиштето на СД е во „украдена еврејска вила“.

– Бугарскиот претседател Румен Радев го прекршил Уставот на земјата кога на 10 мај годинава го назначи Кирил Петков за министер за економија во преодната влада.

– Врховниот суд на ЕУ и нареди на Полска да плаќа казна од еден милион евра дневно, јавуваат странските медиуми. Одлуката е донесена затоа што не го суспендира дисциплинскиот совет на Врховниот суд.

– Германскиот парламент нема да ја продолжи вонредната состојба поради епидемијата на национално ниво, кога ќе заврши следниот месец, но ќе останат во сила одредени санитарни мерки за сузбивање на ширењето на коронавирусот, соопштија денеска од Парламентот.

– При вооружен судир во западниот дел на Либија оштетена е главната нафтена рафинерија, соопшти Националната нафтена компанија (НОЦ).

– Високи функционери од соседните држави на Авганистан денеска се собраа во иранската престолнина на еднодневна конференција за да разговараат за ситуацијата во земјата со која владеат талибанците.

– Демократски и републикански пратеници во Конгресот на САД ја повикаа администрацијата на претседателот Џо Бајден да не и продава борбени авиони „Ф-16“ на Турција, соопштувајќи му убеденост дека Конгресот ќе го блокира секој таков извоз.

 Фудбалската федерација на Италија има намера да испита 62 трансфери направени од клубови од Серија А во периодот од 2019 до 2021 година.

Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба ги прекина преговорите за продолжување на договорот, објави „ЕСПН“. Договорот на играчот е пресметан до летото 2022 година.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close