МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 октомври 2021

26 октомври 2021

 Посетителите на Саемот за безбедност и здравје при работа A+A Безбедност и здравје Експо што од денеска до 29 октомври се одржува во Дизелдорф, Германија, ќе имаат можност да го посетат и националниот штанд на Агенцијата за странски инвестиции и поддршка на извозот под брендот Invest North Macedonia.

 Јавни инвестиции во износ од четири милијарди евра во следните пет години кои ќе мобилизираат дополнителни осум милијарди евра инвестирани од приватниот сектор, зголемување на стапката на економски раст, намалување на стапката на невработеност на едноцифрено ниво и намалување на јавниот долг под 60 проценти од БДП, се главниот таргет што треба да се постигне со Планот за забрзан економски раст 2022-2026 што денеска Владата го усвои на својата седница.

 Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања со Република Грција.

– Македонија е пред енергетски колапс и ни се заканува тешка зима со рестрикции на струја во 21 век, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

– Образованието е клучно за постигнување целосно вработување и искоренување на сиромаштијата и државите со различни конвенции и декларации се обврзаа да се фокусираат на пристапот, еднаквоста и вклученоста, квалитетот и резултатите од учењето во рамките на концептот за доживотно учење. На Филозофскиот факултет во Скопје почна да функционира Центар за доживотно учење чија цел е да придонесе помош и поддршка на луѓето полесно да адаптираат на промените во општеството.

– Во текот на вчерашниот ден се аплицирани вкупно 7.739 дози вакцини. Согласно податоците од Министерството за здравство, од вкупниот број аплицирани вакцини вчера, 748 се вакцинирани со прва доза, ревакцинирани се 1 629, а трета доза примиле 5 362 граѓани.

– Зголемувањето на бројот на новозаразени, особено во северниот дел на Грција, што е веќе во црвената зона на епидемиолошката мапа, во комбинација со ниската стапка на вакцинирани и во пресрет на парадите за националниот празник в четврток, предизвикуваат загриженост во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

– Српскиот министер за здравство Златибор Лончар, по повод синоќешните протести на противниците на мерките за заштита од коронавирус пред зградите во кои живеат лекари во Белград и Ниш, изјави дека станува збор за „невидена дрскост“, јави дописникот на МИА од Белград.

– Постарите луѓе во Европа би можеле да се соочат со тешка сезона на грип, која, кога ќе се додаде на тековната пандемија на коронавирусот, има потенцијал да ги оптовари здравствените системи на ЕУ, предупредува Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).

– Министрите за енергетика на ЕУ не донесоа никакви конкретни одлуки како одговор на енергетската криза, соопшти на прес-конференција еврокомесарката за енергетика Кадри Симсон по завршувањето на вонредниот состанок на министрите за енергетика.

– Иранските бензински пумпи биле цел на кибернапад, јави денеска државната телевизија ИРИБ. Претходно во текот на денот имаше информации дека бензинските пумпи низ целата исламска Република биле нападнати од хакери, а хакираните компјутерски системи го покажувале само прашањето „Каде е гасот?“ упатено до иранскиот врховен лидер.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close