МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 октомври 2021

26 октомври 2021 

– Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, кој оваа недела заседава во Стразбур, утре ќе расправа по Извештајот за спроведувањето на Европската повелба за локална автономија од страна на Северна Македонија, јави дописникот на МИА.

– Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување на локација надвор од населено место.

– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на средба со граѓани во Гевгелија изрази благодарност за поддршката во првиот круг за нивниот кандидат за градоначалник, како и за победата на советничката листа која заедно со Коалицијата Обнова за Македонија ја оствариле во Гевгелија. Воедно, ги реафирмира ставовите дека сето она за што се залагаат во кампањата и во изминатиот период ќе биде реализирано и испорачано пред гевгеличани.

– Повторното судење за случајот „Титаник 2“ денеска во Кривичниот суд Скопје, продолжи со сослушување на сведоци. Свое повторно сведочење пред судечкиот совет предводен од судијата Огнен Ставрев, имаше и поранешниот член на Државната изборна комисија (ДИК), Виолета Дума (прво сведочење август 2018 година). Исто така, сведочеа и актуелниот член на ДИК, Борис Кондарко, и портапоролот Адмир Шабани.

– Весна Јаневска од Росоман обезбеди сушара за овошје и зеленчук, со државна поддршка за жени од рурални средини. Таа појасни за МИА дека се работи за грант од 180 илјади денари кои ги добила преку мерка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

–  Едукативната тренинг платформа (#еПлатформа) на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) организира бесплатни курсеви, еднодневни и тридневни обуки, што имаат за цел на учесниците да им пренесат практични тренинзи и искуства. ОРМ ја вклучува можноста учесниците да имаат пристап до обуките во секое време, сè со цел да се овозможи поефикасно совладување на истите.

– Апелацискиот суд во Амстердам денеска одлучи да и ја врати на Украина колекцијата археолошки предмети што Крим му ги позајми на музејот во Амстердам непосредно пред Русија да го анектира во 2014 година.

 Кинеската полиција соопшти дека трага по маж кој убил седум лица во градот Вухан, а потоа скокнал од мост. Осомничениот 39-годишник убил петчлено семејство, а потоа уште две лица при бегството, соопшти полицијата во Вухан.

– На денешните протести во Кабул жените ги побараа своите права на работа и образование и ја повикаа меѓународната заедница, потенцирајќи дека „светот гледа и молчи додека тие умираат“.

 Дефанзивецот на Пари Сен-Жермен, Серхио Рамос денеска треба да ги обнови тренинзите во општата група по повредата, пишува „Le Parisien“.

– Помалку од два месеци по објавувањето на првите две песни од новиот албум на „АББА“, што се случи четири децении по нивната последна плоча, бендот сега ја објави и третата песна од новата компилација. Нумерата е насловена „Just a Notion“ и го носи добро познатиот звук на шведскиот легендарен состав.

Back to top button
Close
Close