МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

5 октомври 2022

5 октомври 2022

– Премиерот Димитар Ковачевски на покана на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и чешкиот премиер Петр Фиала утре во Прага ќе учествува на првиот состанок на Европската политичка заедница заедно со лидерите од вкупно 44 земји, од кои 27 земји-членки на ЕУ, земји од Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и Азербејџан, Грузија, Турција и Украина. На состанокот предвидено е да учествува и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Европската политичка заедница не е никаква замена за процесот на проширување, ниту за пристапниот процес на вашата земја. Вашиот пат кон ЕУ е веќе многу јасен, објаснет на многу детален начин и вие сте веќе на тој пат на којшто сите чекори се многу добро етаблирани. Европската политичка заедница и состанокот којшто ќе се одржи утре е начин на којшто ЕУ оддава признание и треба да придонесе за заедничко справување со важни  актуелните предизвици, изјави денеска во Кавадарци шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Дејвид Гир.

– Еко-свест ја поздравува владината одлука за одземање на концесиите на малите хидроцентрали на територијата на Националниот парк Шар Планина, но воедно го повикува  Министерството за животна средина и просторно планирање да донесе одлука и за одземање на концесиите на малите хидроцентрали во НП Маврово.

– Организации, институции, претпријатија и граѓански здруженија ги претставија своите програми, проекти и активности со кои го поддржуваат социјалното претриемништво во Полошкиот регион на Саемот за социјално претприемништво.

– Српскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ денеска беше прогласен за почесен професор на Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима – Скопје, а воедно му беше и врачена наградата EUROPA PRIMA 2022 од Фестивалот на Југоисточна Европа – SEE FILM FESTIVAL Paris-Berlin Washington.

– Се очекува Србија на првиот состанок на европската политичка заедница во Прага да им објасни на лидерите на Европска Унија и на другите земји зошто не воведува санкции за Русија иако преговара за членство во ЕУ, изјави неименуван висок претставник на Европска комисија, јави Бета.

– Властите во Казахстан денеска го отфрлија барањето на Русија за протерување на амбасадорот на Украина поради неговите коментари за убиствата на Руси и ја прекорија Москва за, како што велат, несоодветен тон меѓу „еднакви стратешки партнери“.

Back to top button
Close
Close