МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

5 октомври 2022

5 октомври 2022

– Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија денеска упати честитка по повод големиот еврејски празник – Јом Кипур.

 – Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП Улици и патишта, Саид Саид денеска извршија увид на финалната фаза од изградбата на 26 улици во општината Ѓорче Петров, со вкупна површина од 16.000 метри квадратни.

– Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска имаше средба со претставници од Фондацијата „Метаморфозис“, предводени од извршниот директор Бардил Јашари, со кого разговараа за важноста на процесот на дигитална трансформација на општеството. 

 Одбранбената соработка меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство е на највисоко ниво. Двете земји продолжуваат активно и интензивно да ги развиваат националните капацитети кои се капацитети и на Алијансата, заклучија на денешната средба министерката за одбрана Славјанка Петровска и новиот британски амбасадор во земјава, Метју Лосон.

– Министерството за транспорт и врски првично ги разгледало документите за проектот за изградба на филмски студија  во Општина Карпош и во текот на денов или утре ќе ја информира Владата за утврдената состојба. Ќе има координација и со општината за да се утврди јасна слика за состојбата на терен во однос на евентуални кориснички права.

 – Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски денеска во Катана, Република Италија, како претставник од Република Северна Македонија, прв пат претседавеше со сесија на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH), – Анализа на здравствената состојба кај животните во Европа во 2021/2022 година.

 – Со проекција на филмот „Итало” на режисерката Алесија Скарсо, вечерва во Кино Милениум под мотото „Невидлива моќ” започнува 10-тото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија”. Фестивалот ќе го отвори амбасадорот на Италија во земјава, Андреа Силвестри.

– Белградската филхармонија најави гостување на Филхармонијата на Република Северна Македонија на 14 октомври во Белград, во Коларчевата задужбина од 20:00 часот, јави дописникот на МИА од Србија.

– Денес се навршуваат 22 година од големите демонстрации во Белград на 5 октомври 2000 година, со кои се заврши владеењето на Слободан Милошевиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

– Враќање на 13 пензија, реални зголемувања на пензиите, намалување на даноците на основните производи, се дел од  барањата на грчките пензионери кои денеска излегоа на протест во цнтарот на Атина, јави дописничката на МИА.

-Новиот пакет санкции против Русија, кој го подготвува Европската унија, не вклучува изземање-дерогација за Западен Балкан, поради односот на Белград кон официјална Москва, јавува Радио Слободна Европа (РСЕ).

– Нуклеарната централа Запорожје ќе работи под раководство на надлежните ресори на Русија, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин.

– Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, денеска изјави дека во Украина целата НАТО Алијанса блок се бори против Русија, го снабдува Киев со оружје, разузнавачки информации, ја обучува армијата, помага во планирањето операции и настојува борбите да ги префрли на руска територија.

– Земјите-членки на Европската унија денеска постигнаа договор за уште една рунда санкции против Русија поради нејзината агресија врз Украина, соопшти чешкото претседателство со ЕУ.

– Нобеловата награда за хемија денеска им беше доделена на научниците Каролин Бертоци, Бери Шарплес и Мортен Мелдал „за развој на клик хемијата и биоортогонална хемија“, соопшти Кралската шведска академија.

– Судан се соочува со генерациска катастрофа, бидејќи околу седум милиони деца немаат настава поради поплавите, гладот ​​и нестабилната ситуација во таа земја, објави денеска „Гардијан“.

– Американската воена морнарица за првпат го распореди најнапредниот носач на авиони „Ју-Ес-Ес Џералд Р. Форд“, да учествуваа на неколку воени маневри заедно со воени бродови на останатите држави-членки на Северноатлантската алијанса.

 Антоан Гризман е блиску до конечна преселба во Атлетико Мадрид од Барселона. Клубовите наскоро ќе потпишат договор за трансфер на францускиот фудбалер за 20 милиони евра плус 2 милиони бонуси, соопштува „Relevo“.

Back to top button
Close
Close