МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

4 октомври 2022

4 октомври 2022

– Во Собранието денеска продолжи 20. седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на која членовите дискутираат за кандидатурата за уставен судија на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен од страна на владејачките партии.

 Државата е целосно подготвена доколку има каква било потреба за прифаќање на украинските бегалци, тврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Заменик-амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во земјава Џулијан Васало, на денешниот брифинг со новинарите рече дека не би шпекулирал со датуми за тоа кога земјава ќе стане дел од Унијата и тоа според него ќе зависи од степенот на реформите, подготвеноста на капацитетите, но вели дека 2030 година може да биде реалност Северна Македонија да стане дел од Унијата, доколку постои политичка волја во земјава.

– Опозициските партии – Народната партија и Двери, со лидерите Вук Јеремиќ и Бошко Обрадовиќ, Заветници, Коалицијата Надеж, со лидерот на ДСС, Милош Јовановиќ, група професори и академици, предводени од Матија Беќковиќ, се потписници на „Прогласот за собир во одбрана на Косово“ во кој оценуваат дека „е последен момент да се промени косовската политика на Србија“ и притоа подготвија декларација за целосна реинтеграција на Косово во уставниот и правниот поредок на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

– Потпишаниот меморандум за разбирање за јаглеводороди меѓу Турција и Либија, предизвика реакции во Грција, а официјална Атина смета дека во конкретниот морски дел Грција има суверени права, јави дописничката на МИА од Атина.

– Лидерот на Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, кој во неделата убедливо загуби во изборната трка за бошњачкиот член на Претседателството на БиХ од противкандидатот Денис Беќировиќ (СДП), денеска изјави дека се уште е рано да размислува за натамошните чекори во политиката и дека е важно што неговата партија добро помина на гласањето.

 Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел доби награда за нејзината улога во начинот на кој нејзината земја прифати над 1,2 милиони бегалци и луѓе кои бараат азил во 2015 и 2016 година. За ова денеска во Женева информираше агенцијата за бегалци на Обединетите Нации, јави ДПА.

– На иницијатива на министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини денеска на владина седница беше усвоена информацијата во врска со статусот на договорите за концесија на малите хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување на Национален парк Шар Планина. 

– Добитници на годинашната Нобелова награда за физика се Французинот Ален Аспе, Американецот Џон Клаузер и Австриецот Антон Цајлингер за нивната пионерска работа во квантната механика, соопшти денеска Нобеловиот комитет.

– Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси по повеќе неделните протести во земјата, денеска од Парламентот апелираше за национално единство.

 Клубот Феникс санс би можел да биде продаден по највисока цена во историјата на НБА-лигата.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close