МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

4 октомври 2022

4 октомври 2022

– Северна Македонија има импресивни резултати според Индексот на перформанси на странски директни инвестиции (СДИ) за 2022 година на Investment Monitor.

 Владата денеска ја испрати до Собранието оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски и таа е веќе доставена до пратениците.

 – Во Собранието денеска почна продолжението на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на која членовите дискутираат за кандидатурата за уставен судија на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен за уставен судија од страна на владејачките партии.

 – Македонското друштво „Илинден“-Тирана, со свој штанд се претстави на саемот, како дел од 66. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), што се одржа во германскиот град Берлин.

– Гаврил Бубевски, основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје ја назначи Искра Хаџи Василева јавната обвинителка од истата институција како лице за контакт во врска со предметите поврзани со безбедноста на новинарите, кои се во надлежност на Основното јавно обвинителство Скопје, информираат од Здружението на новинари на Македонија.

– Побараа малку време да направат одредени дополнителни пресметки зашто во периодот што доаѓа е донесувањето на Буџетот за новата година, изјави проф. д-р Ангел Ристов, претседател на Сојузот на синдикатите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ по средбата со премиерот и министри за нивните барања за повисоки плати и потпишување Колективен договор.

 – Досегашниот член на Абдурауф Пруси на Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември” е изгласан за нов претседател на овој Одбор на денешната 20. седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

– Соработката меѓу Италијанската амбасада во Скопје и Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, кој годинава го одбележува десетгодишниот јубилеј, ќе биде збогатена со нова иницијатива.

 – Македонското друштво „Илинден“-Тирана, со свој штанд се претстави на саемот, како дел од 66. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), што се одржа во германскиот град Берлин.

– На специјална прес-конференција, лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, чија партија победи на предвремените избори во Бугарија, објави дека не гледа опција ГЕРБ да владее со Движењето за права и слободи, „Бугарскиот подем“ на Стефан Јанев и Преродба, јавува дописникот на МИА од Софија. Борисов рече дека победата на ГЕРБ е морална.

 – Откако хакерите почнаа да објавуваат полициски тајни, албанското обвинителство испратило барање до руските власти за затворање на каналот на групата „Татковина правда“ на Телеграм, но засега нема одговор.

– Повеќе од 200.000 лица досега одговорија на повикот во рамки на делумната мобилизација и им се приклучија на вооружените сили на Руската Федерација, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

– Германската енергетска компанија „RWE“ денеска соопшти дека има намера до 2030 година односно осум години пред планираното да прекине со користењето јаглен за производство на електрична енергија.

 Советот на ЕУ денеска ја усвои директивата за соодветна минимална плата речиси две години откако беше предложена од Европската Комисија, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши му наредил на рускиот конзул во Сапоро да ја напушти Јапонија до 10 октомври, објави денеска новинската агенција Кјодо.

 – Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денес го објави список на повикани ракометари кои ќе конкурираат за место на претстојните натпревари со репрезентаците на Луксембург и Турција.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close