МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

22 октомври 2021

22 октомври 2021

– Производството на електрична енергија за домаќинствата е стабилно, а цената на струјата за домаќинствата нема да се менува. Акционерското друштво „Електрани на Северна Македонија“ го засили ископот на јаглен во РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“, заради стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата и го оптимизира производството во хидроелектраните, гасната и ветерната електрана, изјави директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

– Претседателот на македонскиот тим експерти во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, Драги Ѓоргиев, во изјава за МИА потврди дека еден член од Комисијата денеска поднел оставка.

– Шокиран сум од веста дека Ванчо Ѓоргиев поднел оставка од член на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања, изјави денеска во Битола, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден се аплицирани вкупно 4.933 дози вакцини, од кои 483 се аплицирани како прва доза, 1.150 се ревакцинирани, а 3.300 граѓани примиле трета доза вакцина.

– Текстилниот сектор што сочинува една четвртина од сите вработени во производство и придонес од 2,4 проценти од вкупно бруто-домашниот производ е значаен за Северна Македонија. Затоа, оваа година Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот првпат организира учество на А+А Саемот за безбедност, заштита и здравје при работа, што се одржува на секои две години во Диселдорф, Германија, најави директорот на Агенцијата, Дејан Павлески на денешната прес-конференција.

 Во Салонот на Уметничката галерија при НУ Музеј – Куманово вечерва во 19:30 часот ќе биде отворена самостојна изложба на академскиот уметник Никола Пијанманов, под работен наслов „Изгорена земја“, информираа надлежните од галеријата.

– Сметам дека е потребен проактивен ангажман на ЕУ за напредокот на Западен Балкан, со оглед на тоа дека регионот е дел од нашиот заеднички простор, дел од нашата заедничка историја и култура и би требало да стане дел од Европската Унија, рече претседателот на Националното Собрание на Словенија, Игор Зорчич, на Конференцијата на Претседателите на Парламентите на земјите- членки на Советот на Европа, јави дописничката на МИА од Атина.

– Бугарија и Хрватска од недела ќе станат дел од групата земји од ЕУ прогласени за високоризични за Ковид-19, одлучи германската Влада, јави ДПА, повикувајќи се на информации од Институтот „Роберт Кох“.

– Бројот на новозаразени со коронавирус во Германија е во пораст, а државниот институт за епидемиологија „Роберт Кох“ денеска предупреди за уште посилен раст во наредните недели.

– Владата на Луксембург денеска соопшти дека ќе им дозволи на своите граѓани да одгледуваат канабис за лична употреба.
– Економијата на еврозоната забави во октомври под притисок на проблемите со снабдување и ширењето на Ковид 19 што ги погоди туризмот и патувањата, покажа истражувањето на лондонската компанија „Маркит“.
– Уапсен е осомничениот за атентатот врз претседателот на Хаити, Жовнел Моиз.

Жованел Моиз беше убиен на 7 јули годинава во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс.

– Златен медал во доминантен стил на Светското првенство, кое се одржува во Италија, освои денеска најдобриот македонски кикбоксер Димитар Ѓорѓиев. До златниот медал во категоријата до 81 килограми во дисциплината лоу кик, Ѓеорѓиев дојде со четири победи со максимални 3-0, совладувајќи го во финалната борба Никола Дробњак од БиХ.

Back to top button
Close
Close