МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

27 септември 2022

27 септември 2022

– Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање денеска изјави дека не се очекува бегалски бран од Русија, со оглед на тоа, како што кажа, што ние немаме конекција со Москва, како што имаат некои други држави.

– Претставници на медиуми од Југоисточна Европа и Турција, организирани од Европската мрежа на новинари и етика со седиште во Лондон, одржаа Регионална конференција фокусирана на етиката во медиумите.

– Усвојувањето Закон за борба против перење пари и финансирање тероризам, чија имплементација веќе започна и кој е усогласен со најновите меѓународни стандарди и директиви на ЕУ, како и подготовката на новиот Кривичен законик кој е во завршна фаза, се клучни за подобрување на системските мерки во борбата против организираниот криминал и тероризмот

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) чека да биде повикан на прво рочиште откако на 1 септември поднесе пријава  до Основниот граѓански суд со барање да се поведе постапка против Владата поради непочитување на Законот за минимална плата кој предвидува  усогласување на платите на сите останати вработени во јавниот сектор онаму каде што државата е работодавач.

– Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2022 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесувала: 525 730 МWh електрична енергија, 12.592 мил. нм3 природен гас, 466 130 тони јаглен и 97 117 тони нафтени продукти.

Комора на трговски друштва за геодетски работи потпиша Меморандум за соработка со Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Скопје, со што се официјализираше долгогодишната успешна соработка која ја негуваат двете институции, но и се продлабочува, а со цел унапредување на геодетската дејност во државава.

– Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во Собранието, ги претстави приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2023 година.

– Во Културно-информативниот центар на Скопје вечер во 19:19 часот ќе биде промовирана книгата на Иван Џепароски „Пандемија и постхуманизам“, во издание на Книгоиздателството Ми-Ан. Промотори се Наташа Аврамовска и Мишел Павловски.

 Катар потроши околу 208 милијарди евра за организација на Светското првенство во 2022 година. Оваа сума е 17 пати поголема од Мундијалот во Русија во 2018 година.

– Министерката за трговија, туризам и телекомуникации Татјана Матиќ по повод Светскиот ден на туризмот соопшти дека туризмот во Србија ги урива сите рекорди, дека од почетокот на годината Србија ја посетиле три милиони туристи, од кои над еден милион и 300 илјади се странски, а дека бројот на пристигнувања на туристи е зголемен за 48,1 отсто во однос на истиот период лани, јави дописникот на МИА од Белград.

– Лидерот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Љумир Абдиџику го критикува косовскиот премиер Албин Курти затоа што отпатува за Јапонија, во време кога образованието во земјата е во исклучително тешка состојба, јави дописникот на МИА од Приштина.

 Илјадници државјани на Русија со часови чекаат да влезат во Монголија во обид да ја избегнат мобилизацијата.

– Француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона се наоѓа во посета на Киев, како поддршка на Украина во конфликтот со Русија.

– Масовна гробница е откриена во јужната авганистанска провинција Кандахар, за која талибанските власти вината ја посочија кон поранешен функционер на безбедносните служби од претходната гарнитура, ликвидиран во 2018 година.

 Филипини преговараат со Русија за купување нафта и други артикли, изјави филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор.

По претходно донесена одлука на Управниот одбор, денес Ракометната федерација на Македонија исплати паричната награда во вкупна вредност од 700.000 денари за машката кадетска ракометна репрезентација и членовите на стручниот штаб.

 Македонската кошаркарска федерација за натпреварите од новото издание на Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ во кои ќе се сретнат најдобрите екипи од минатата натпреварувачка сезона, одлучи влезот да биде слободен.

 Марко Асенсио ќе го напушти Реал Мадрид, додека Карим Бензема и Тони Крос најверојатно ќе останат во клубот. Договорите на седум од 23 играчи на тимот истекуваат во летото 2023 година.

Back to top button
Close
Close