МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

28 октомври 2021

28 октомври 2021

Скопје – Во Битола вчера во 05:00 часот врз основа на судска наредба, приведен е битолчанецот Н.Б.(21).

Како што соопштија од МВР, полициски службеници од СВР Битола го привеле Н.Б.(21) од Битола за издржување казна затвор од една година и шест месеци.

Прилеп – Дејан Проданоски од ВМРО-ДПМНЕ е избран за претседател на Советот на Прилеп на неговата конститутивна седница денеска, со новоизбраните 27 членови. Проданоски беше и носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ при кандидирањето за локалните избори на 17 октомври.

Проданоски се заложи за отворени седници на Советот и за одлуки во интерес на сите граѓани.

Велес – Новиот градоначалник на Општина Велес Марко Колев денеска информира дека како приоритет најпрво ќе му биде да се види и да поразговара  со вработените во јавната администрација.

Откако ќе има валиден потпис, најави да ги потпише решенијата кои веќе се подготвени. Притоа потенцираше дека меѓу нив нема да бидат решенијата за легализација на изградените дивоградби на бреговите на реката Бабуна во долниот тек. За проектот за плоштад и паркинг на три нивоа со 100 паркинг места во центарот на Велес, рече дека ќе види до каде е за да може да почнат работите.

Делчево – Општинската организација на Црвен крст Делчево објави јавен повик за негувател/ки за помош и нега на стари лица и лица со попреченост кои ќе пружаат услуги на територијата на општините Делчево и Македонска Каменица.

Конкурсот, како што информираше организациониот секретар Ивана Ангеловски, се реализира со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) како дел од посебно верификувана програма за негувател/ки, а на истиот може да се пријават  невработени лица од двете општини.

Гевгелија – Сумираните резултати од годинашнава туристичка сезона во Дојран, за разлика од лани кога поради пандемијата границите беа затворени, покажаа оти дојранчани реализира двојно поуспешна туристичка сезона.

Од општинското туристичко биро велат дека споредено со резултатите од 2020 година, кога биле регистрирани над 35.000 гости со остварени околу 150.000 ноќевања, годинава се регистрирани над 72.000 гости кои оствариле 300.000 ноќевања или двојно повеќе.

Скопје – Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, денеска имаше средба и работна акција со сезонските работници.

Од Општината соопштија дека целта е во наредниот период да се интензивира работењето на овие работници, со цел Аеродром „повторно да го добие сјајот на чиста и зелена Општина“.

Скопје – Тендерот за реализација на Бас рапид транзит системот (БРТ) е објавен денеска со што правиме крупен чекор напред кон изведба на современ, еколошки, брз и ефикасен јавен превоз, порача денеска Петре Шилегов, актуелниот и кандидат на СДСМ за градоначалник на Град Скопје.

-Скопје добива брз, безбеден и одржлив јавен транспорт кој ќе биде доволно атрактивен што ќе овозможи директно намалување на сообраќајниот метеж, а со тоа и индиректно ќе го намали и аерозагадувањето во делот на сообраќајот. За само четири години, успеавме да го реализираме 40 години стариот сон на скопјани за трамвај, обезбедувајќи систем подобар од трамвајот согласно условите кои ги овозможува денешното Скопје, рече Шилегов на денешната прес-конференција.

Битола – Гарантирам дека во рок од седум дена од моето официјално преземање на градоначалничката обврска почнувам со чекори за операционализирање и конкретизирање на активностите кои ќе значат работа и функционирање на Општина Битола, изјави кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО ДПМНЕ, Тони Коњановски.

Во изборната програма, како што рече, имаме прецизни акциски планови за седум клучни подрачја.

Кавадарци – Ученици од кавадаречко основно училиште учат за родниот крај преку посета на Музејот на традиционална тиквешка храна, попознат како Куќата на мирис и вкус.
– Учениците од осмо одделение од основното училиште „Тошо Велков- Пепето” од Кавадарци, под водство на наставничката Камелија Колева, вчера имаа практична настава по предметот „Истражување на родниот крај” во просториите на Музејот на традиционална тиквешка храна – Куќата на мирис и вкус.

Штип – Штипското комунално претпријатие „Исар“ има долг од над 300 милиони денари или пет милиони евра, објави на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

До локалната власт деновиве е пристигнато и барањето од Министерството за финансии да се плати ратата од долгот, кој Општината мора да ги подмири како гарант за плаќање на долговите на „Исар“ за реконструкција на старата водоводна мрежа од пред 15 години.

Гевгелија – Во просториите на Домот на култура во Валандово во текот на изминативе три дена се одржа есенски саем на книга, каде беа изложени книгите од разни жанрови на издавачките куќи „Едука“, „Мак“, „Феникс“, „Македонска Реч“ и „Полица“.

Саемот, на чии штандови може да се најде разновидна литература за деца и возрасни, изминативе два дена го посетија учениците од основните и средното училиште од општинава, а денеска го посети и староновиот градоначалник на Валандово, Перо Костадинов.

Неготино – „Еколошкото е во мода” е наслов на изложбата на еко торби, која е отворена во Музејот на град Неготино. Торбите за пазарување, изработени од платно, се дело на корисниците на услугите на Дневниот центар за лица со ментална попреченост, „Порака” од овој град.
-Отсекогаш  сме се залагале за екологија. Изложбата која ја организираме во соработка со Музејот, има продажен карактер и сите заинтересирани ќе можат да си купат еко торби. Со нив да ги заменат пластичните кеси за пазарување. Така ќе придонесат за здрава животна средина, но и ќе заштедат, а истовремено ќе бидат во тренд, порачаа од здружениеро за помош на лица со хендикеп, „Порака”.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close