МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

26 октомври 2021

26 октомври 2021

Кавадарци – Кавадарци одбележува сто и три години од раѓањето на Никола Бадев, од Музеј галеријата денеска потсетија на неговата изјава, „Песната е мојот живот, живеам за неа и преку неа“.

– Ова се зборовите на големиот народен уметник, легендата на македонската изворна народна песна-Никола Бадев. Иако од 1976 година физички веќе не е меѓу нас, Никола Бадев живее преку песната, живее во сеќавањата на неговите современици, живее во срцата на сите љубители на македонската народна песна, истакнаа од кавадаречкиот Музеј.

Кичево – Годинава ќе биде запаметена како една од најсиромашните за печуркарите во Кичевско-бродскиот регион. Во сите периоди кога  растат печурките имаше голема суша или студени ноќи што ги остави печуркарите без планираната заработка.

-Како ретко која година во изминативе две децении, годинава имавме исклучително слаб род на печурките во нашиот регион. Како природата да се завери против нас. Во летните месеци кога беше потребна поголема влага во почвата изостанаа дождовите или тие беа недоволни да го навлажнат површинскиот слој, а камоли нешто повеќе, и затоа имаше целосно потфрлање на родот. Кога се понадевавме дека есенва ќе даде Господ повеќе род, дождови имаше доста обилни, но затоа, пак, немаше доволно топлина во почвата и студените ноќи беа главната причина и во овој период печурките целосно да потфрлат, посочи Стојко Милошески, одличен познавач на оваа габа и долгогодишен откупувач на печурки.

Делчево – Во Делчево се одржа првиот Саем за претприемништво како дел од проектот „Бизнис- развој на млади преку социјално претприемништво” во чии рамки 50 млади од неколку општини во регионот, презентираа идеи од различни области со фокус на социјалното претприемништво. 

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз, која присуствуваше на настанот, истакна дека прв чекор во насока на градење подобра иднина е да се слушнат младите, да се соединат во мрежа на познанства за понатаму да се спроведуваат идните нивни идеи.

Росоман – Весна Јаневска од Росоман обезбеди сушара за овошје и зеленчук, со државна поддршка за жени од рурални средини. Таа појасни за МИА дека се работи за грант од 180 илјади денари кои ги добила преку мерка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

-На повикот од 2019 година, 250 жени од рурални средини од целата држава добивме ваква финансиска поддршка, за поттик во нашата земјоделска работа. За набавка на опрема, механизација, со цел олеснување на нашата работа. Додадов свои 15 илјади денари и сушарата ја купив за 195 илјади денари. Таа е главно на сончева енергија, така што сушењето на овошје и зеленчук ќе биде еколошко и здраво, нагласи Јаневска.

Скопје – Во Спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“ в четврток на 28 октомври, Општина Карпош ќе ја спроведе традиционалната крводарителна акција која се организира во пресрет на Денот на Општината – 3 Ноември.

– Граѓаните од Карпош, но и од други општини од Градот, кои се традиционални дарители или сакаат да даваат крв, тоа ќе може да го сторат во четврток од 9 до 17 часот во Спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“, истакнаа од Општина Карпош.

Скопје – Поради дефект на огрлица ф 100 мм, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.„Франклин Рузвелт“, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“.

Прекинот ќе трае од 13:05 часот до санирање на дефектот.

Штип – Новиот градоначалник на Општина Штип, Иван Јорданов и неговиот поранешен колега, Сашко Николов утринава оствариле средба во градоначалничкиот кабинет, без присуство на медиуми. Поранешниот градоначалник на Општина Штип, Сашко Николов на својот фејсбук профил објави „денеска со кафе и цеден сок, ја примопредадов функцијата градоначалник на општина Штип, на новиот градоначалник Иван Јорданов“.

Општина Штип ја оставам во одлична финансиски ликвидна состојба на сметката на Општина Штип има 47.000.000 денари, на  сметка на ЈП Стипион“ има 4.100.000 денари и дополнителни 500.000 денари од паркинг наплата, додека на сметка на ЈП „Исар“ има 9.000.000 денари, вели Николов во својата фејсбук објава.

Кичево – Како и во повеќето градови во земјава, така и во Македонски Брод последните триесетина дена стагнира интересот за вакцинација против Ковид-19 и далеку е од периодот пред три месеци кога интересот кај граѓаните беше многу голем.

-Во нашиот Здравствен дом последниве три седмици се бележи стагнација во интересот за вакцинација против Ковид-19.Сепак и покрај ова сознание во нашиот Здравствен дом со прва, втора или трета доза досега вкупно се имаат вакцинирано околу 13 000 граѓани, што е висока бројка ако се има во предвид големината на општината и на градот Македонски Брод, вели Жарко Симески, директор на Здравствениот дом во Македонски Брод, кој нагласи дека според бројот на дози потрошени од почетокот на вакцинацијата предничат кинескиот „Синовак“ и американскиот„ Фајзер“.

Крушево – Градоначалникот на Крушево Томе Христоски и новоизбраните советници денеска ги потпишаа решенија за новите функции. Христоски е старо-нов градоначалник и довербата на крушевчани ја доби во првиот круг од Локалните избори на 17 октомври.

Старо – новиот градоначалник им честиташе на новоизбраните советниви и им посака успешна работа без ограничувањата кои ги носат партиите.

Скопје – Само за последните четири години бројот на пчелни семејства е зголемен за над 60.000, а во исто време кај младите земјоделци постојано расте интересот за одгледување пчели, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа на денешното предавање „Одржливо пчеларство – искуства и практики“.

Министерот истакна дека пчелите поради загадувањето, климатските промени, урбанизацијата и пестицидите во светски рамки, се загрозени и во изумирање и заклучи дека државава има исклучително поволни климатски услови за пчеларите, што придонесува за производство на квалитетен мед. 

Back to top button
Close
Close