МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

5 октомври 2022

5 октомври 2022

Скопје – Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП Улици и патишта, Саид Саид денеска извршија увид на финалната фаза од изградбата на 26 улици во општината Ѓорче Петров, со вкупна површина од 16.000 метри квадратни.

Ккао што соопштија од Град Скопје, станува збор за улици кои досега не биле асфалтирани односно првпат се асфалтираат на барање на граѓаните, со цел да добијат улици и услови какви што заслужуваат.

Скопје – Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска во 10:20 часот на ул.„Тодор Чангов“ во населба Лисиче, Скопје, го лишиле од слобода скопјнецот Н.Н.(27).Како што соопшти МВР, тој бил баран по распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

Скопје – На бул.„Илинден“ во Скопје денеска во 12.15 часот од слобода е лишен З.В.(56) од Скопје.

Тој бил баран по распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ по член 418-б од Кривичниот законик.

Скопје – Селата Батинци и Љубош попладнево од 12:45 часот се без вода поради дефект на уличната водоводна мрежа.

Прекинот во водоснабдувањето ќе таре до санирањето на дефектот.

Скопје – Полициски службеници од ОВР Пробиштип утрово во 00:30 часот, ги лишиле од слобода Р.П.(31) и Д.С.(34) од Пробиштип.

Како што информираа од МВР, тие биле затекнати при извршување на кривично дело „тешка кражба“ во објект во изградба на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип.

Куманово – Почна вториот циклус од обука за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост која ја спроведува општинската организација на кумановскиот Црвен крст. На обуката учествуваат 12 долгорочно невработени жени од општината.

– Во рамки на проектот „Ковид 19-Одговор на подобрување на социо-економската ситуација на маргинализираните лица во шест држави на Западниот Балкан“, општинската организација Куманово започна со реализација на верификуваната програма за обука за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.

Крива Паланка – Симулација на средновековна битка, логор и работилница за изработка на средновековни шлемови, книговез, иконопис, грнчарство, како и многу други активности со несекојдневен концепт ќе бидат дел од првиот дводневен „Средновековен фестивал“ што викендов ќе се одржи во Крива Паланка.

Фестивалот ќе се одржи на централниот градски плоштад и сцената на летниот театар во централното градско подрачје, со почеток во 10 часот.

Пробиштип  – Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, денеска присуствуваа на прелиминарната јавна распределба на становите во социјалната зграда во Пробиштип.

Зградата е со вкупно 48 станови, градена по Програмата за ранливи категории граѓани.

Велес – Зградата на поранешното Основно училиште „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес ќе биде пренаменета за нова градинка на ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев“. Станува збор за проект од УНИЦЕФ со поддршка од Светската банка.

Проектот е во соработка со Министерството за образование и наука за подобрување на условите во училиштата. Во овој стар дел на Велес нема основци, а училиштето одамна е затворено и во соработка и на барање на ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев“ проектот, односно средствата ќе бидат искористени  за адаптирање на старото напуштено училиште во нова градинка за најмалите од Велес.

Back to top button
Close
Close