МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

4 октомври 2022

4 октомври 2022

Скопје – Во текот на вчерашниот ден во акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 452 возачи.

Од нив, информираа од МВР, 43 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 203 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 249 надвор од населено место.

Скопје – Утре од 09:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на ул.„Периша Савелиќ“ бб, пред Вила Водно.

Како што информираа од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје, прекинот на водоснабдувањето е поради дефект на шибер ф 80 мм и дефект на Против Пожарен Хидрант (ППХ ф 80 мм) на ул.Периша Савелиќ бб.

Скопје – Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 05.40 часот во скопското село Студеничани, ги лишија од слобода се Ј.С.(37) од Скопје и Е.М.(33) од Р.Косово, постапувајќи по пријава од М.А., според која тие од неговата куќа на место викано „Кочинар“ во скопско Морани, одзеле разни предмети.

Украдените предметите, информираа од МВР, се пронајдени во патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, со кое се превезувале пријавените, и се вратени на сопственикот.

Скопје – Општина Центар за помалку од една година отвори три пензионерски клуба со што, како што соопштуваат од службата за односи со јавност, го исполни ветувањето и барањето на пензионерите во предизборниот период.

Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски денеска отворил пензионерски клуб кој го носи името на најмладиот партизан Миле Арсовски кој со своите 16 години жестоко се борел за ослободување на Скопје.

Скопје – Завршуваат градежните активности на улицата „Христо Татарчев“ во населба Кисела Вода, каде локалната самоуправа инвестираше во изградба на паркинг простор. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска изврши увид на терен. 

-Со денешното асфалтирање го финализираме проектот со кој жителите на овој дел од општината добиваат нов паркинг простор на површина од околу 700 квадратни метри и капацитет за 70-тина возила. Ова ќе го олесни живеењето и нормалното функционирање на граѓаните со адреса на улицата „Христо Татарчев“, како и на останатите кои ќе имаат потреба таму да се паркираат, изјави Ѓорѓиевски. 

Крива Паланка – Делегација на Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Сашко Митовски, е во официјална посета на Бор, по повод одбележувањето на празникот на градот, 3-ти Октомври.
На покана на градоначалникот на град Бор, Александар Миликиќ, делегацијата од Општина Крива Паланка која покрај градоначалникот ја сочинуваат и претседалката на Советот, Изабела Павловска и секретарот на општината, Антонио Давитковски, присуствуваше на главната свеченост и свечената академија, како и на другите настани организирани по повод Денот на градот Бор.

Крива Паланка – Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка синоќа лишиле од слобода жител на Општина Крива Паланка поради спречување на полициски службеник во вршење службени дејствија.
Според информациите од портпаролот на Секторот за внатрешни работи, Куманово, Ивана Младеновска, на 3 октомври 2022, во 22 часот и 20 минути,  полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода четириесет и седум годишниот И.С. од Крива Паланка, поради тоа што на главната улица “св.Јоаким Осоговски“ спречувал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

 

Велес – Учениците Никола Трендафилов и Андреа Велиновска од општина Градско од 29 септември до 6 октомври се дел од младинската размена во Бистрица, Романија во рамки на „Еразмус+“ проектот  насловен „Стари занаети, нови времиња”.

Проектот се спроведува во партнерство на четири граѓански организации, меѓу кои Локалната акциска група АГРО ЛИДЕР која е соработник на Општина Градско.

Струмица – Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш при преземање на зајакнати мерки и активности вчера пронашле и одзеле бесправно исечени огревни дрва.

Како што соопштија од СВР Струмица, вчера околу 12:00 часот на место „Градска река“, атар на Радовиш, биле запрени три запрежни возила управувани од У.Б.(54), И.Д.(37) и А.Б.(34), сите од Радовиш, кои биле натоварени со бесправно исечени огревни дрва.

Струмица – Општина Василево ги поканува граѓаните да се вклучат во креирањето на програмите и буџетот за 2023 година преку формулар на општинската страница со која на најбрз, едноставен и лесен начин можат да ги достават своите предлози и идеи.

-Почитувани сограѓани, заедно да го креираме буџетот на Општина Василево за 2023 година. Вашето учество во буџетскиот процес е најважниот дел во креирањето на политиките и развојот на општината. Затоа, Општина Василево упатува отворена покана до сите свои граѓани до 10 ноември 2022 година со сопствени предлози и идеи да се вклучат во креирањето на Буџетот и на идниот развој на општината, стои во објавата на локалната самоуправа.

Кавадарци – Во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кавадарци,  денеска започна распределбата на картичките за зелена нафта за земјоделците.

– На подрачјето на општините Кавадарци и Росоман вкупно се опфатени 5452 картички за зелена нафта, со вкупна вредност од  27 033 071 денари. Земјоделците, своите картички за зелена нафта, може да ги користат до 30 април 2023 година, информираа од подрачната единица на Министерството.

Неготино – Градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов денеска информираше дека со средства од буџетот на општината, во селото Криволак, се изведуваат активности за поставување нова линија и приклучоци за технолошка вода.

– Се работи во делот од селото, во којшто досега немаше вакво нешто. Со оваа активност, 35 домаќинства сега ќе можат да ги уживаат привилегиите од водата за наводнување на дворните површини, појасни градоначалникот Стојанов.

Делчево – Општина Делчево од наредната година ќе воведе нова социјална мерка за поддршка на згрижувачки семејства со еднократен износ од 10.000 денари. Оваа иницијатива денеска ја најави градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски на промоцијата на згрижувачки семејства во Делчево, како дел од националната кампања „Подај рака-стани згрижувач“.

Штип – Потребна е подинамична соработка и создавање мрежа меѓу институциите во областа на образованието, ова е еден од заклучоците на денешната тракалезна маса на тема „Училиштето и заедницата – Партнери за поквалитетно образование, во организација на Факултетот за образовни науки заедно со Општина Штип.

Универзитетскиот професор Кирил Барбареев вели дека на оваа заедничка дебата се поставија и прашањата: Дали се задоволни од соработката и колку уште може да биде подобра? Посочи дека одговорите на овие прашања заклужуваат да ги слушнат идните генерации.

Тетово – Во седиштето на Демократската унија за интеграција (ДУИ) пристигнаа претседателот Али Ахмети како и членовите на ткн. Огнена група. Прв дојде лидерот на партијата, по него Садула Дураку, додека во група заедно пристигнаа Муса Џафери, Блерим Беџети, Изет Меџити.

На новинарските прашања што очекувааат Изет Меџити рече дека ќе се зборува.

Тетово – Јавното претријатие „Градски паркинг” Тетово најави дека ќе се уредуваат две локации во градот каде во иднина ќе се наплаќа паркирањето.
Од претријатието ги повикаа граѓаните додека се извршуваат активностите за уредување  на локациите да не ги паркираат возилата, затоа што во спротивно ќе бидат отстранети со возило на ткн. пајак служба.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close