МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

27 септември 2022

27 септември 2022

Скопје – Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, ја пушти во употреба реконструираната училишна спортска сала во Општинското основно училиште „Дане Крапчев“.

– Учениците од ООУ „Дане Крапчев“ добија комплетно реконструирана училишна спортска сала. Денеска ја пуштивме во употреба реконструираната училишна спортска сала во Општинското основно училиште „Дане Крапчев“.

Скопје – Поради уличен дефект ф-80 мм на ул. „Владимир Назор“ 5, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица.

Како што информираат од РЦУК Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:15 часот до завршување со санација на дефектот. 

Скопје – Делницата Велес – Градскo на регионалниот пат Р1102, од утре па во наредните девет месеци ќе биде затворена за сообраќај поради градежни работи, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози.

Скопје – По претходно преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Полициската станица Виница во с.Крушево, виничко,  денеска лишен е од слобода А.Е.(41) од Кавадарци.-Тој бил баран врз основа на централна потерница за доиздржување на затворска казна за сторени  три кривични дела „тешка кражба“, казниви по член 236 и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Гевгелија – Граѓаните на општина Гевгелија кои се членови на библиотеката „Гоце Делчев“, од денеска имаат бесплатен пристап до стожерни дела од македонската литература создавана во текот на повеќе генерации.

Оваа акција иницирана од директорот Стефан Марковски опфаќа десетици наслови од македонската литература почнувајќи од македонските писатели и културни дејци од 19-от век (Жинзифов, Прличев, Џинот, Миладиновци итн.), до класиците објавувани од македонските писатели, драматурзи и поети од втората половина од минатиот век.

Струмица – По 70 години од основањето и постоењето комплетно се реновирани просториите на Службата Службата за итна медицинска помош и домашно лекување во Струмица. Со претходно набавените нови возила и опрема заокружена е една функционална целина, со која медицинските тимови добиваат многу подобри услови за работа, а пациентите поквалитетна здравствена заштита.

Струмица – Полицијата му поднесе кривична пријава на Д.А. (53) од село Воиславци, радовишко, за кражби извршени во манастири и црква во близина на неговото село.

Според информацијата од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, осомничениот кражбите ги извршил во периодот од октомври лани до август годинава.

Велес – Брако како најнова инвестиција во машинскиот парк набави најсовремена ЦНЦ „Хартфорд“ глодалка вредна половина милион евра.

Во „Брако“ веќе ја завршија обуката за управување со најсовремената ЦНЦ „Хартфорд“ глодалка, со која производството започнува наскоро.

Прилеп – Со градска линија на електричен автобус во посета на прилепското основно училиште „Климент Охридски“ и со превоз на еден клас од 30 ученици до Паркот на револуцијата и едукативно предавање, Прилеп денеска се вклучи во одбележувањето на Европската недела на мобилност и во поддршката на одржливото размислување и живеење.

Back to top button
Close
Close