МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

21 октомври 2021

21 октомври 2021

Крушево – Во спомен куќата „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево е поставена кутија за донации за да се продолжи хуманитарното дело на нашиот Тоше Проески, голем музичар, хуманист и човекот со големо срце, познат на Балканот и во Европа.

Кутијата беше поставена уште на 16 октомври, на денот од 14-годишнината кога Тоше загина во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.

Прилеп – Утревечер прилепскиот театар премиерно ќе ја изведе претставата „Да, инспекторе, претстава со грешки“ во Режија на Синиша Евтимов.

Според режисерот Евтимов, кому ова му е прва соработка со прилепскиот театар, станува збор за сценско видување на текст од тројца англиски автори, познат во светот, а упатува на тоа дека она што ни се случува околу нас, т.н. „елегантно пропаѓање“, видено е на спечифичен, хумористичен начин.

Скопје – Амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Малта во Република Северна Македонија, Франческо Саверио Џуисти денеска донираше компресор за дезинфекција и три инвалидски колички на Дневниот центар за лица со церебрална парализа Капиштец при ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа на Град Скопје.

Церемонијата за донацијата на апаратот се одржа во просториите на Дневниот Центар за лица со церебрална парализа Капиштец, во присуство на тимот кој работи во центарот.

Скопје – Парцелата на падините на Водно, на која е направен обид за нелегално градење, е надвор од опфатот на Деталниот урбанистички план за тоа подрачје, и ако се толерираат ваквите постапки ќе продолжи нелегалната бетонизацијата и узурпацијата на планината, која е од исклучително значење за Центар, но и за целиот град, соопшти денеска Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“.

Тие ги поздравија реакциите на јавноста, медиумите и планинарите, како и постапката на Општината, со кои се запрени градежните активности, но посочуваат дека надлежните служби мора да го следат случајот за да не се случи градежните работи да продолжат.

Кочани – Во рамки на активностите за превентивна здравствена заштита на населението, Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска спроведе есенска акција за бесплатен здравствен преглед на граѓаните.

На пунктот кај Градскиот плоштад во Кочани, лекар и медицински персонал го мереа крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта, а даваа и совети за нивна правилна регулација.

Кичево – Кандидатот за градоначалник на Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски денеска им се заблагодари на граѓаните за поддршката во првиот круг и најави дека доколку биде избран за градоначалник ќе ги реши најгорливите проблеми во градот.

– Ви ветувам дека со стапувањето на новата функција, ќе го решам проблемот со кучињата  скитници, бидејќи имам проект со финансиска конструкција и соработка со активистите за заштита на животните,  рече Јованоски.

Скопје – Набавка на нови 250 еко автобуси ќе се реализира уште во првите 82 дена од новиот градоначалнички мандат и од тука ќе почнат најавените промени во јавниот превоз, наменети за целиот град Скопје, односно за сите населени места, најави независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска.

Арсовска го организираше настанот при 30 минутно возење со јавен автобуски превоз и посочи дека возењето е непријатно, особено кога станува збор за дупките низ улиците и шахтите низ централното градско подрачје.

Скопје – За актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, кој истовремено е во трка за втор мандат за татко на градот не преставува проблем немањето мнозинство во Советот на Град Скопје. На прашање што значи за еден градоначалник да нема мнозинство во советот, Шилегов изјави дека е тоа не никаков хендикеп, туку може да е само убавина на демократијата.

– Во процесот на дигитализација што е во завршна фаза во нашиот град, во работењето на Советот јас имам намера да ги вклучам граѓаните, седниците на Советот и дневните редови да бидат јавно објавувани, и граѓаните да може да се произнесуваат по тие точки. На тој начин всушност заеднички да ги донесеме одлуките, граѓаните пред се, потоа јас и советот како институции. За мене секогаш било битно ова размислување на луѓето. Секогаш е добро кога треба да се разговара, тоа е убавината на демократијата. Во изминатиот мандат имавме над 20-тина пати носење на едногласни одлуки во советот затоа што добро се искординираа одлуките. Не е никаков хендикеп, може да е само убавина на демократијата, рече Шилегов.

Струмица – Кандидатот за градоначалник на Ново Село од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Божинов во денешната изјава потенцира дека општината заслужува да биде позната по тоа што најмногу и доликува – чисти планини, чиста вода, чисти села и котлина.

Како што посочи Божинов, нема да дозволи воздухот да биде загаден од диви депонии кои никнуваат насекаде и од несовесни времени или трајни загадувачи.

Кичево – Третиот и најголем риболовен натпревар со рекордни награди ќе се одржи на Осломејско езеро во периодот од 11 до 14 ноември. Во овие четири дена екипите ќе се натпреваруваат цели 72 часа, а веќе тече периодот за пријавување за овој натпревар.

-Во организација на спортско риболовното друштво„ Хантер Фиш“ од Кичево, во периодот од 11 до 14 ноември оваа година, ќе се одржи третиот и најголем, според висината на наградите, крапски риболовен натпревар на Осломејско езеро. Само за потсетување наградата за екипата со најмногу улов ќе изнесува 30.000 денари, пехар и медали,18.000 за второ место и 9.000 денари за трето место. Секако ќе следува и убава награда за риболовецот кој ќе го улови најкрупниот примерок на крап, истакна Мире Ночески, портпарол на спортско риболовното друштво „Хантер Фиш“ од Кичево.

Охри – Квалитетно изработената урбанистичко-планска документација овозможува заштита и унапредување на животната средина, а пак уредувањето на просторот и неговото планирање во договор со граѓаните креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино правилно просторно искористување. Оттаму обезбедувањето проектна документација за поставување фотоволтаични панели за ридско-планинските места е еден од тие проекти, изјави денеска Кирил Пецаков, кандидатот за градоначалник на Охрид предложен од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Пецаков, обезбедувањето сигурни и стабилни извори на енергија станува еден од најголемите проблеми со кои се соочува развојот на современите технологии за производство на електрична енергија.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close