МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

20 октомври 2021

20 октомври 2021 

Тетово – Соработката на Општина Тетово со Дневниот центар за лица со посебни потреби и невладиниот сектор во иднина ќе се проширува во насока ученици од средношколска возраст со посебни потреби да добиваат лични асистени со цел да бидат вклучени во образование, најави градоначалничката Теута Арифи при денешната посета на оваа установа. Таа потсети дека и до сега висок приоритет било сите деца со посебни потреби од основните училишта инклузивно да следат образоваен процес и во исто време да имаат лични асистенти.

-Во целата нашата општина нема дете кое има документ дека има потреба од личен асистент кој не е покриен кога зборуваме за возраст од основно образование. Затоа ни беше важно да оваа програма ја прошириме и со децата од прешколско образование.  Наша програма е да во идниот мандат и во средното образование да ја  прошириме оваа програма за да имаме комплетно инклузивен процес за децата и учениците кои имаат овие потреби, изјави Теута Арифи.

Гевгелија – Познатото музичко дуо „Скупи“ кое го сочинуваат флејтистката Јета Старова Мехмети и виолинистот Ермаљ Мехмети утре повторно ќе музицира пред гевгеличани во малата сала на Народниот театар каде овој пат пред љубителите на класичната музика ќе се претстават со концерт на класична музика.

Концертот на присутните ќе им понуди богат репертоар од преработени стари македонски песни и ора како што се „Сношти сакав да ти дојдам„, „Не си го продавај Кољо Чифликот“, „Се посврши ербез Донка“, „Јано мори“, „Си заљубив едно моме“, „Пајдушкото оро“  и уште неколку кои секогаш ја пленат публиката.

Тетово – Само еден хоспитализиран поради Ковид-19 има во моментот во Клиничката болница во Тетово. Иако има по дваесетина прегледи дневно, веќе три недели нема нови пациенти кои се примаат на болничко лекување, информираат од ковид-центарот.

-Овие три недели имаше двајца хоспитализирани, а од оваа недела има само едно лице на болничко лекување. Бројот на прегледи се движи од 15 до 20 за 24 часа. Трета недела нема нови приеми, нема ниту ниту во изминатите 24 часа. За изминатото деноноќие прегледани биле 18 лица, информира д-р Миранда Пајазити од ковид центарот во тетовската клиничка болница.

Охрид – Во рамки на активностите за конзервација на црквата „Света Богородица Захумска“ заокружени се градежните зафати за реставрација на куполата и кровните покривачи на манастирот што датира од 1361 година.

Спроведените зафати гарантираат заштита на објектот од атмосферските влијанија, како и појава на влага во самата црква што е деструктивно за архитектурата и фрескоживописот.

Ресен – Секој, кој сака да инвестира во откуп на јаболкото, ќе биде поддржан. Ќе се вложиме целосно, за јаболкото да биде на пиедесталот, онаму каде што заслужува, изјави денеска кандидатот за градоначалник на Општина Ресен од ВМРО – ДПМНЕ Јован Тозиевски.

Во своето обраќање, по повод меѓународниот ден на јаболката вети дека неговиот тим знае да цени колку многу труд се вложува за да се стигне до конечниот производ и да се обезбеди добар пласман

Струмица – Долж струмичкото корзо вечер ќе биде поставена изложбата „Струмички бисери“, на која ќе биде прикажано културно-историското наследство на Струмица низ фотографии, кои ќе бидат проследени со краток опис и историјат.

Изложбата е во организација и реализација на НУ „Завод и музеј-Струмица“ и е дел од манифестацијата „Струмица град на културата 2021“ .

Неготино – На натпреварот за креативна есенска изработка, креацијата на Нина Смилкова од петто а одделение од ООУ „Страшо Пинџур” е прогласена за најдобра, соопштија денеска од неготинската библиотека.

Натпреварот ,,Есенска креација” траеше од осми до 15 октомври. Можеа да учествуваат сите ученици од прво до петто одделение, кои се креативни и сакаат да користат материјали од природата.

Охрид – Плоштадот „Крушевска Република“ има да добие нов и модерен изглед, а со тоа граѓаните и туристите добиваат ново уредено катче. Тоа го вети Кирил Пецаков, кандидатот на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид.

Пецаков на својот фејсбук-профил објави дека на плоштадот му е потребно дополнително уредување, со канделабри со лед-светилки, нова фонтана, хортикултурно уредување со садници и клупи, канти за отпадоци и друга урбана опрема во склоп на плоштадот.

Кавадарци – Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој доби уште еден мандат во првиот круг од локалните избори, денеска се сретна со противкандидатот и со најголем дел од носителите на советнички листи.

Целта е, како што рече, да се поразговара и да се прифатат сите солидни проекти, за доброто на кавадарчани.

Виница – Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница е подготвен за тринаесеттото издание на меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“, што ќе почне во вторник.

Годинава манифестацијата ќе трае само четири дена, со скратена програма поради ковид пандемијата. Традиционално, отворањето ќе биде со изложбата на карикатури што пристигнаа на меѓународниот конкурс, а трите најдобри ќе добијат награди од стручната жири-комисија.

Охрид – Независниот кандидат за градоначалник на Дебрца, Зоран Ногачески, најави дека еден од приоритетите ќе му биде социјалната заштита на граѓаните и нивен еднаков пристап до социјалните услуги.

Најави поддршка за еднократна парична помош за лица и семејства во социјален ризик, еднократна парична помош за лекување во државата и странство, еднократна парична помош во случај на смрт, субвенционирање на дел од трошоците за комунални услуги, еднократна парична помош за ублажување на последици од елементарна непогода ( пожар, поплава и др. ), како и најмалку еднаш годишно пакети со храна и хигиенски средства за лица и семејства во социјален ризик.

Кичево – За целосно да се реализира проектот за реконструкција на една од најважните сообраќајници од Кичево, улицата „Борис Кидрич“, беше неопходно да се дислоцираат времените објекти поставени пред општинската зграда и во непосредна близина на ОУ“ Кузман Јосифоски-Питу“, велат од општина Кичево.

Времените објекти пред општината од поодамна се отстранети и во тек е акција на отстранување на времените објекти во близина на основното училиште.

Делчево – Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) која е дел од владината коалиција предводена од СДСМ е задоволна од постигнатите резултати во првиот круг од локалните избори.

Претседателот на партијата, Аксел Ахмедовски на прес-конференција истакна дека ПДПР во општините Кочани и Делчево ќе има двајца претставници.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close