МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

19 октомври 2021

19 октомври 2021
Кавадарци –  Ќе бидат поддржани сите добри проекти од противкандидатот и сите советнички листи, без разлика дали кандидати од тие листи влегле или не во новиот Совет на општина Кавадарци.
Ова денеска на прес-конференција го најави староновиот градоначалник Митко Јанчев. Тој за утре ги повика на состанок во општинската зграда, противкандидатот за градоначалник и носителите на советнички листи.

Јанчев се заблагодари на масовната поддршка на изборите. Нагласи дека веќе е почнато со реализација на проектите ветени при локалните избори и продолжува континуитетот во работата.

Битола – Кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО – ДПМНЕ најави дека во неговиот мандат ќе го реализира проектот ревитализација и изградба на рекреативен центар „Тумбе Кафе“-Смолево.

Станува збор за комплетна рекреативна, забавна и културна зона за битолчани, рече Коњановски.

Охрид – Кандидатот за градоначалник на Охрид на СДСМ, Константин Георгиески, денеска преку својот фејсбук-профил најави реализација на многу проекти од витален интерес на граѓаните.

Најави изградба на нова улица „Јордан Мијалков“ и реконструкција на улиците „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Галичица“, „7-ми Ноември“, „Илинденска“, „Шар Планина“, „Даме Груев“, „Момчило Јорданоски“, „Бекир Алириза“, „Веле Марко“, „Винковачка“,„Тетовска“ и „Ѓорче Петров“.

Дебар – Во општина Дебар на 31 октомври ќе се одржи вториот круг од гласањето за градоналник, додека во општна Центар Жупа целиот изборен процес ќе биде повторен.

Во Дебар потребниот цензус од 1/3 од вкупно запишанте гласачи беше исполнет, но ниту еден од кандидатите не обезбеди 51 отсто од излезените гласачи.

Гевгелија – На најголемиот Саем за храна и пијалоци во германскиот град Келн, што се организира повеќе од еден век, гевгелиската производна компанија „Жито пром“ под мотото на саемот „Вкуси ја иднината“ ја претстави новата производна линија за колачи.

– Новата линија за колачи, подржана од Фондот за иновации, која е претставена во друштво на реномирани светски фирми ќе ја прошири нашата производна палета со десет нови производи во категориите традиционални и функционални колачи збогатени со здрави и корисни состојки. На овој начин се трудиме да го следиме трендот за развој на производи кои ќе имаат голема придобивка и човековото здравје, изјава Татјана Танева Новаковска, бизнис менаџер во фирмата.

Велес – На Локалните избори ни една од партиите не успеа да освои мнозинство во Советот на Општина Велес.

Според резултатите објавени на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК), најмногу гласови за кандидатските листи за членови на Советот на Општина Велес – 10.729  доби ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“  со што освои 11 советнички места.

Скопје – Поради уличен дефект ф-80мм на улица „Сердарот“ 55, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од село Драчево.

Како што информираат од ЈП „Водовод и Канзализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:50 часот до завршување со санација на дефектот.

Велес – Општина Велес вчера започна со подготвителни градежни работи за реконструкција на асфалтен слој на улицата „Петре Поп Арсов“ кај Средношколскиот интернат, а најавена е реконструкција на уште две улици.
Како што информираат за МИА од одделението за градежништво на Општина Велес, сега се врши ископ на улицата, потоа ќе се тампонира и на крај ќе се асфалтира. Тие појаснија дека работите кои вчера  започнаа ќе траат во наредните денови.

Скопје – Без вода денеска од 12:20 часот се корисниците од улицата „Панче Неделковски“.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка од 1 цол на улица „Панче Неделковски“.

Скопје – Врнежите од дожд кои беа присутни во земјава во изминатите петнаесетина дена ја стабилизираа штедроста на изворот Студенчица и придонесоа водените кризи присутни во изминатите неколку години, есенва да ги нема.

-Благодарение на поволната хидролошка есен, штедроста на изворот Студенчица е стабилна и деновиве се мерат близу 1.000 литри вода во секунда, што е далеку над штедроста од пред петнаесетина дена, кога поради сушата штедроста изнесуваше само 710 литри со тенденција за натамошно намалување. Бидејќи се ближат месеците ноември и декември кога повторно се очекуваат врнежи од дожд или снег, можеме да бидеме спокојни и со оптимизам да го очекуваме претстојниот период, кога без проблеми ќе може да се испорачуваат доволни количини вода за пиење за сите водокорисници од овој хидросистем, истакна Гоце Наќески од ЈПВ Студенчица.

Охрид – Националната установа „Охридско лето“ во знак на солидарност и хуман гест на Општата болница од Охрид и додели 95 илјади денари, средства собрани од продажбата на влезници од хуманитарниот концерт „Танец и Ладо под ѕвездите“ одржан во рамките на годинашната фестивалска програма.

Целта на хуманитарната помош е полесно справување во борбата против Ковид-19 а средствата ќе бидат искористени за набавка на скафандери, маски и средства за хигиена.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close