МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

18 октомври 2021

18 октомври 2021

Скопје – Согласно обработените 100 отсто од податоци од Државната изборна комисија (ДИК) до 9:30 часот денеска, на вчерашните Локални избори во првиот круг избрани се 27 градоначалници, од кои за еден не е исполнет цензусот за излезеност, а се уште не се целосно обработени гласовите за 15 општини и Градот Скопје.

Во општина Арачиново од обработени 100 отсто од гласачките ливчиња, кандидатот на ДУИ освоил 44,23 отсто од гласовите, а на СДСМ и коалицијата 39,14 отсто, што значи дека ќе има втор круг.

Скопје – Нормализиран е сообраќајот на регионалниот пат Дебар-Маврово Ростуше, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на регионалниот пат Дебар-Маврово Ростуше во непосредна близина на Мелнички Мост наспроти хотел „Дебарски Бањи“, за патнички моторни возила се одвиваше наизменично по една коловозна лента поради свлечиште, кое е санирано.

Скопје – Сообраќајот на регионалниот пат Дебар-Маврово Ростуше во непосредна близина на Мелнички Мост наспроти хотел „Дебарски Бањи“, за патнички моторни возила се одвива наизменично по една коловозна лента поради свлечиште.

Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Скопје – Поради дефект во шахта на бул. „Партизански одреди“ бр.7 денеска прекинато водоснабдување ќе има кај дел од ул. „Мито Хаџивасилев Јасмин“.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:40 се до завршување на активностите. Воедно, поради дефект на приклучна цевка на ул.„„Борис Трајковски“ крак 20 бр.3, од 09:45 часот без вода ќе бидат корисниците на дел од УСЈЕ се до завршување на активностите.

Скопје – Поради дефект во шахта на бул. „Партизански одреди“ бр.7 денеска прекинато водоснабдување ќе има кај дел од ул. „Мито Хаџивасилев Јасмин“.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:40 се до завршување на активностите. Воедно, поради дефект на приклучна цевка на ул.„„Борис Трајковски“ крак 20 бр.3, од 09:45 часот без вода ќе бидат корисниците на дел од УСЈЕ се до завршување на активностите.

Охрид – Целосните непотврдени резултати на ДИК покажуваат дека на вчера одржаните Локални избори во Охрид на гласање излегле 29 629 граѓани или 56,46 отсто од вкупниот број гласачи од избирачкиот список.

Од нив неважечки се 1412 гласа, додека од регуларните Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ добил 14.380, Константин Георгиески 12.460, а Гоце Цветковски 1.376 гласа. Тоа значи дека Охрид следниот градоначалник ќе го добие на вториот круг од изборите предвиден за две седмици.

Струга – Кандидатите за градоначалник на Струга од ДУИ Рамиз Мерко и на Алијанса на албанците и Алтернатива Идри Истрефи влегуваат во втор круг во трката за прв човек на општината.

Од аналитичкиот центар на Мерко излегоа со честитка, и според нив, водство од 2.000 гласови.

Вевчани – Во Вевчани ќе има втор круг за избор на градоначалник, каде во трка беа кандидатите на СДСМ Сашо Јанкоски и на ВМРО – ДПМНЕ Спасе Кочовски.

Според претседателката на Општинската изборна комисија Менка Кукоска кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ, Кочовски освоил 776 гласа, неговиот против кандидат од СДСМ и актуелен градоначалник Јанкоски 698, а 88 ливчиња биле неважечки.

Дебар – Кандидатот за градоначалник на Дебар од коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Беким Поцеста е победник во првиот круг на локалните избори, каде според партиски извори Поцеста освоил 3.999,  кандидатот на ДУИ поддржан од СДСМ Хекуран Дука 3.707, додека третиот кандидат Петрит Клења од ДПА, десет гласови.

Беким Поцеста е роден во Дебар 1968 година, оженет е и  татко на две деца. Дипломирал на Медицински факултет, по што специјализирал кардиологија. Моментно е на постипломски студии, работи во Клиниката за кардиологија во Скопје, каде во еден период беше и директор.

Back to top button
Close
Close