МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

15 октомври 2021

15 октомври 2021

Штип – Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција ги повика граѓаните на големиот завршен митинг во Штип

Со огромно задоволство ве поканувам на големиот завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Штип. Вечерва, во 20.30 часот, на Плоштад „Слобода“, ќе го зададеме последниот удар на оваа локална власт. Ве повикувам да излезете и да дадете масовна поддршка, затоа што од вечерва од Штип ќе почнат промените и ќе стартуваме со изградбата на новата иднина во нашиот град, вели Јорданов.

Куманово – Кандидатката за градоначалник на Куманово од движењето „Одлучно за промени“ Теодора Димитровска ги покани граѓаните во недела на 17 октомври да излезат и да се одлучат за промени, да гласаат за бројот 2, за неа и за советничката листа предводена од Валентин Ефтимовски.

Димитровска рече дека на нивната листа има луѓе со интегритет, експерти, професионалци, кои ќе ја чуваат општината, буџетот и ќе ги застапуваат интересите на граѓаните.

Битола – Избраните советници во новиот состав на Советот на Општина Битола од независната листа „Поинаку“ ќе иницираат создавање на нови зелени површини и остварување на правото на битолчани за субвенционирана струја.

Според Габриела Илиевска, носител на листата, со проектот „GO GREEN” Битола ќе биде зелена, секоја површина со кал наскоро ќе биде посеана со трева, сите дрвореди обновени, парковите пред зградите зелени.

Скопје – Граѓаните на првиот круг од Локалните избори во недела ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на беслатната телефонска линија 0800-54321, која ќе функционира во периодот од од 7:00 до 19:00 часот во канцеларијата на Народниoт правобранител.

Од Омбудсманот, исто така, информираат дека отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Гевгелија – Формираната тричлена лекарска комисија за туѓа нега, која ќе издава конзилијарни мислења и наоди за пациентите од општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово, поради тековниот изборен процес ќе почне со работа веднаш по завршување на локалните избори, поточно од почетокот на идниот месец, потврдија денеска од Општата болница во Гевгелија.

-На сите граѓани кои имаат поднесено барања за остварување на правото од туѓа нега и надоместок на лица и кои ќе добијат позитивно мислење од комисијата, исплатата на надоместокот ќе им се пресметува ретроактивно од денот кога го поднеле барањето, а не од денот кога комисијата ќе почне со работа, објаснија од гевгелиската болница за да нема недоразбирање кај граѓаните.

Ресен – Избирачкиот материјал за претстојните локални избори што ќе се одржат в недела е примен во Општинската изборна комисија во Ресен, потврди претседателот Тодор Китевски.

Според него, во текот на денот очекуваат да бидат доставени и апаратите за идентификација.

Охрид – Додека јас и кандидатите за советници од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ секојдневно пред Вас ја презентираме програмата со најдобрите проекти за Охрид, од спротивната страна имавме можност да слушнеме само паушални ветувања, копирани идеи и најави за проекти кои се веќе во поодмината фаза на реализација. Од нив не слушнавме ништо ново, ништо поразлично, само безидејност и празни зборови, истакна денеска кандидатот за градоначалник на СДСМ за Охрид, Константин Георгиески.

Георгиески посочи дека противкандидатите презентираат проект за изградба на катна гаража, а не кажале ниту еден детал како таа ќе изгледа, што произлегува оттаму, како што рече, што не може да имаат детали, бидејќи деталите ги имаме ние, затоа што ние работевме на овој проект.

Охрид – Градоначалникот на Охрид и кандидат за втор мандат на претстојните Локални избори в недела, Константин Георгиески денеска во име на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ ги повика граѓаните на Охрид да го одберат започнатиот пат кон развој и подобра иднина за сите.

– Дојде време на вистинскиот избор, дојде време на вистинската одлука за Охрид. Дојде време да го изберете најдоброто за вас, за Охрид, за нашата татковина. Во недела вие одлучувате, дали одиме напред или се враќаме назад. Вие одлучувате дали нашиот град ќе продолжи со започнатиот развој и подобра иднина за сите или ќе се врати во неизвесност и деструкција, рече тој.

Гевгелија – Турската компанија „Калтун енерџи“, со седиште во Скопје ,доби одобрение од општина Гевгелија за изградба на пет ветерници кај Миравци, што се дел од проектот Ветерен парк „Дрен“, кој ќе има вкупно 10 ветерници.

На ридест терен од 246 до 736 метри надморска височина, проектот предвидува поставување по пет ветерници на териториите на општините Гевгелија и Демир Капија со најсовремена енергетска технологија што ќе нуди брзо и догорочно елиминирање на штетните емисии во околната средина.

Скопје – Општина Аеродром соопшти дека ги повика граѓаните, заедниците на сопственици и управители на згради да станат дел од кампањата за употреба на одржливи системи за греење.

Кампањата „Одбележување на 100 отсто одржлив систем за греење“ има цел да ги мапира објектите што веќе имаат инсталиран систем за греење на обновливи извори на енергија и да бидат добар пример и поттик повеќе корисници да се насочат кон одржливо греење.

Скопје – Кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром, Александар Филиповски, пред почетокот на изборниот молк ги повика граѓаните да излезат в недела, на 17  октомври на локалните избори и да гласаат за број 12.

-Гласајте за две нови градинки во Аеродром, доградба на основното училиште „Блаже Конески“, монтажни гаражи за намалување на проблемот со паркирање, младински центар и два затворени базени, порача Филиповски.

Битола – Најавувам локално, граѓанско и институционално движење кое Битола ќе ја воздигне во модерен град во кој е задоволство да се живее, истакна кандидатот за градоначалник од СДСМ, Христо Кондовски.

Завршувајќи ја изборната кампања Кондовски потсети дека заедно со кандидатите за советници реализирале бројни посети на кои, како што рече, е претставено најдоброто за нашиот град, во кадровска и програмска смисла.

Делчево – Ситни и поголеми одрони го попречуваат сообраќајот на магистралата А3 во правец од Делчево кон Македонска Каменица. Одроните се најизразени  веднаш по свиокот кај делчевскот село Очипала, додека појавата е забележлива на околу 20 места долж патниот правец.

Поради ова сообраќајот се одвива отежнато, на места возачи прават пат да се овозможи движење на едниот дек од коловозот.

 

Back to top button
Close
Close