МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

1 јули 2022

1 јули 2022

Скопје – Министерството за труд и социјална политика и Проектот за подобрување на социјалните услуги на Светската банка денеска пред градоначалниците на повеќе општини го промовираа Вторик јавен повик за социјални услуги на локално ниво преку кој планирано е десет општини да добиваат можност за грантови за проекти за социјално ранливите категории.

Почнувајќи од денеска општините ќе може да изразат интерес за учество на вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјални услуги на локално ниво. По завршување на овој процес, ќе биде отворен јавниот повик за доделување грантови на општините со цел развој на социјални услуги на локално ниво. Општините кои што ќе изразат интерес за учество, ќе добијат бесплатна експертска помош за подготовка на проектните предлози.

Скопје – Екипите на ЈП Улици и патишта деновиве на терен интензивно работат на реализацијата на првата фаза од проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на реката Вардар. Градежните активности се одвиваат на потегот од мостот „Мајка Тереза“ до Железничкиот мост, каде се врши на ископ на нефункционалната и запуштена патека, при што се отстрануваат старите и оштетени плочи, соопшти Град Скопје.

На овој потег, како што посочуваат, постоечките патеки се со должина од 750 метри и ширина од три метри, а досега е извршен ископ во должина од 550 метри.

Скопје – Министерството за внатрешни работи информира дека согласно одредбите од Законот за возила сите оние кои се водат како сопственици на возила за кои не ја продолжиле важноста на сообраќајната дозвола повеќе од две години, законски се должни да го одјават своето возило во МВР односно во регистрационото подрачје каде возилото се води во евиденција.

– Согласно пропишаните норми, сопственикот на возилото е должен да го одјави своето возило кај органот што го регистрирал доколку возилото е уништено, односно има статус на искористено возило, согласно прописите за заштита на животната средина; ако возилото е трајно изнесено надвор од територијата на Република Северна Македонија; ако возилото се регистрира во странство поради преселба на сопственикот на возилото или од други причини, појаснуваат од МВР.

Скопје – Првичните резултати од двата екстерни испита од годинашната државна матура се пратени до училиштата, а денеска напладне ги објави и Државниот испитен центар (ДИЦ) и секој кандидат може  да ги види своите, електронски со најава на http://rezultati.dic.edu.mk.

– Средната оценка на екстерните испити од прелиминарните резултати е 3,78 и е повисока во однос на минатата година кога изнесуваше 3,61, информираше ДИЦ кој резултатите ги објавува 12 дена порано од законскиот рок.

Скопје – Основното јавно обвинителство -Скопје поведе постапка за  кривичното дело „тешка кражба“ на 16 уметнички слики од  изложба во „Матица ексклузив“ за што МВР претходно соопшти дека вчера полицијата од ПС Центар го привела осомничениот – 33-годишниот Е.Д. од Скопје.

Државното јавно обвинителство информира дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор бидејќи  постои опасност од бегство  и веројатност осомничениот да го повтори делото особено затоа што и претходно бил осудуван за ист тип кривични дела во земјава, но и во Германија.

Скопје – На граничните премини Богородица и Дојран за излез и на ГП Табановце за влез во земјава се чека 15-30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Скопје – Од денеска до 3 јули во Дојран се одржува 12. издание на Д Фестивал на кој ќе настапат повеќе од 150 музички изведувачи и уметници

Програмата ќе се одвива на 15 различни бини и зони на Фестивалот, вклучувајќи го и славниот Д-Камп за фестивалските посетители. Првите посетители на Д Фестивал вчера пристигнале во Дојран и ги поставиле своите шатори во Д Кампот, кој по две години ја отвори својата капија ден пред официјалниот почеток на фестивалската програма.

Криволак – Со показна вежба, во која беа вклучени сите реализирани вежбовни активности во изминатите две недели, денеска на армискиот полигон Криволак свечено е затворен меѓународниот академски и одбранбено – безбедносен проект „Летен кампус 2022“.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, која заедно со високи претставници од Генералштабот и од Министерството за одбрана присуствуваше на затворањето на кампусот, организиран од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, нагласи дека сите ученици покажале огромна посветеност кој она што го рабботат.

Гевгелија – Градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов оствари работна средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији, на која се разговараше за можноста и начините за субвенционирање на старите занаети во Гевгелија која во минатото била на листата на градови со традиционални занаетчиски дејности од кои егзистирале многу семејства.

–Преку субвенционирањето на старите занаети сакаме да делуваме во спречувањето од изумирање на овие дејности,да го стимулираме претприемништвото и да создадеме услови да продолжи негувањето на локалната традиција, рече Сарамандов.

Гевгелија – Од стапувањето во сила на делумната забрана за движење во шума, во Гевгелија се издадени стотина бесплатни дозволи за движење во шума, потврдија од подружницата на шумското стопанство „Кожуф“,  која е единствен овластен издавач на дозволите во општина Гевгелија.

–Издавањето на дозволите секогаш го воведуваме во овој период од годината како превенција од појава на пожари и движење на дрвокрадци кои нанесуваат големи штети, но и поради евиденција затоа што се зголемува интересот од граѓаните за престој во шумата во време на зреење на шумските плодови, велат од гевгелиската подружница.

Штип – Штипските пожарникари заедно со екипа на комуналното претпријатие „Исар“ го изгаснаа пожарот на  депонијата Трештена скала, потврди за МИА директорот на ЈП „Исар“-Штип, Трајче Здравков.

Тој информира дека во текот на утрешниот ден ќе има акција за да се исчисти просторот околу депонијата од отпад.

Кочани – Во Кочани почна со работа Доброволната планинска спасителска служба (ДПСС) „Осогово“ која главно ќе дејствува во источниот регионот и ќе ја покрива територијата на Осоговските Планини.

Спасителската служба, оформена како граѓанско здружение, за почеток има 27 членови кои веќе поминаа обука за гасење пожари на отворен простор, како и за евакуација и згрижување на настрадани лица, што ја организираше Дирекцијата за заштита и спасување.

Битола – Офицерскиот дом во Битола, изграден во 1912 година, кој претставува споменик на културата, се прогласува за културно наследство од особено значење, подкатегорија големо значење, изјави министерката во Министерството за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

На прес-конференција во Битола, министерката Костадиновска Стојчевска нагласи дека Одлука за прогласување на Офицерскиот дом во Битола за културно наследство од особено значење, подкатегорија големо значење, ја донесе  Владата на предлог на  Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство.

Битола – Меѓународната конференција „Полска и Балканот во Европа – успеси и предизвици“ организирана од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола е со цел да се пренесе искуството на Република Полска во нејзиниот евроинтегративен процес, истакна Горан Илиќ, декан на Правниот факултет во Битола.

Република Полска дава силна поддршка на Република Северна Македонија и токму затоа конференцијата ја организираме заедно со Центар за Европа кој работи на Универзитетот во Варшава, посочи деканот Илиќ.

Куманово – Кумановската полиција приведе лице кое било затекнато при обид да одземе предмети од приватен имот, соопшти денеска СВР – Куманово.

– Денеска во 01:20 часот на улица „Пелинска“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Р. (26) од Куманово. Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот, соопшти полицијата.

Крива Паланка – На две локации во Крива Паланка локалната самоуправа на општината и јавното претпријатие „Комуналец“ уредија површини за алтернативен паркинг простор во близина на централното градско подрачје со што делумно ќе се олесни сообраќајниот метеж.

-Работиме неуморно на решавање на проблемот со сообраќајниот метеж. Крива Паланка добива втор алтернативен паркинг простор во центарот на градот, погоден за извршување на секојдневните обврски. Оваа втора уредена локација за таква намена се наоѓа непосредно до меѓуградската автобуска станица, општината и полициската станица,покрај сточниот пазар. Просторот е идеален за паркирање за сите кои рано наутро патуваат на работа и имаат потреба возилата да ги остават во центарот на градот подолг временски период од денот, информира градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Македонска Каменица – Жителите од улица „Новопроектирана” добија нова водоводна и канализациона мрежа, информираа од Општина Македонска Каменица. Во моментот како што додадоа оттаму, екипи на комуналното претпријатие работат на приклучувањето на новоизградените објекти за домување.

– Овој зафат комплетно е во изведба на Јавното претпријатие „Камена Река”, со кое продолжуваме одговорно да ги решаваме проблемите на нашите граѓани, истакнаа од Општината.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close