МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

30 јуни 2022

30 јуни 2022

Скопје – Мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ Скопје, ќе делат вода и летоци со совети за заштита од топлото време, ќе мерат  притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето, информира Црвениот крст на град Скопје за теренските активности за справување со евентуални топлински бранови.

Ангажирани ќе бидат 20 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи, пет возила кои ќе патролират низ градот. Планирано е денеска и утре мобилните тимови да излезат на терен од 11 до 16 часот и да патролираат низ централното градско подрачје и на поголемите автобуски постојки. Активостите ќе продолжаат согласно прогнозите за високите температури.

Скопје – При засилена акциска контрола на Министерството за внатрешни работи на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, спроведена во текот на вчерашниот ден, санкционирани се 365 возачи.

Како што соопшти денеска МВР, од вкупниот број на изречени санкции, од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 191 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 174 надвор од населено место.

Скопје – Стопанската комора на Северна Македонија од утре до крајот на август ќе испраќа свои тимови на граничниот премин Табановце за да утврди како течат постапките при увоз и извоз на стоки и дали се точни пријавите од компаниите дека нивни камиони таму се задржуваат и чекаат по три до четири дена.

Тимовите ќе бидат на Табановце од 9 до 15 часот и ќе имаат соодветни ознаки за да бидат препознаени од компаниите и службите. За нив е обезбедена и канцеларија од Царинската управа.

Скопје – Од денеска почнува рокот за пријавување на сите заинтересирани учесници на изборите за Советот на Општина Тетово и согласно роковниот, ќе трае 15 дена, заклучно со 14 јули, во подрачното одделение на ДИК во Општина Тетово.

Како што информираше на денешната седница членот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, значаен рок за учесниците на изборите е 15 јули, кога е всушност крајниот рок за доставување на листи на кандидати на сите политички партии или независни листи на кандидати преку собирање на потписи.

Скопје– Полициски службеници на СВР Тетово од Одделението за внатрешни работи Гостивар вчера на улицата „Драге Тодоровски“ го привеле 56-годишниот гостиварец М.С. За него била издадена судска наредба, со која се барал за издржување на затворска казна.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), тој бил пренесен во Казнено-поправната установа – Затвор Тетово.

Охрид – Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски денеска уште еднаш повтори дека просечната цена на струјата за 98,8 проценти од домаќинствата ќе се зголеми за 7,4 проценти, а само оние 1,2 отсто кои трошат енормно, ќе плаќаат енормно.

– РКЕ воведе концепт на блок тарифи со цел да им се помогне на најранливи категории на потрошувачи, но да им се помогне и на домаќинствата што немаат друг избор и друг начин за греење освен електрична енергија и поради тоа блоковите ги проширивме само во висока тарифа до 1050 киловатчасови. Проверете во која било земја во регионот дали има толку високи блокови. Јас ви тврдам најодговорно и цврсто стојам позади тоа дека блоковите кои се определени во Македонија се највисоки во регионот, изјави Беслимовски, одоговрајќи на новинарско прашање на денешниот МЕФ Македонски енергетски форум 2022 што се одржува во Охрид.

Охрид – Рестрикции на струја ќе нема, иако ќе биде тешка зима не само за Северна Македонија туку и за регионот и глобално поради криза во енергетиката, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, кој учествува на МЕФ Енергетскиот форум во Охрид.

– Се прават сите подготовки посебно од страна на ЕСМ за да го зголеми производството и согласно нивниот доставен  план веќе е зголемено производството. Во однос на цените најголемиот товар ќе падне на тие што грејат базени, кои имаат можност да ги плаќаат сметките, што трошат колку што трошат 100 просечни домаќинства во државата месечно. Во делот на просечните граѓани, оние кои трошат просечно согласно сите параметри и нивните потреби, за нив можеби ќе има и помали сметки со воведување на блок тарифите. Секако дека сите треба да бидеме свесни и посветени да се обидеме да заштедиме што повеќе елетрична енергија зашто ова не е криза само на Северна Македонија, ова е глобална криза, истакна Бектеши.

Охрид – Сега е вистинско и крајно време да работиме со позабрзано темпо за зачленување на Република Северна Македонија и Република Албанија во Европската унија, смета поранешниот грчки премиер и шеф на дипломатијата Јоргос Папандреу.

Одговарајќи на новинарски прашања во рамките на Македонски енергетски форум 2022 што денеска и утре се одржува во Охрид, забележа дека кризата во Украина укажала на потребата за посилна политичка волја за отворање на процесот за члентво во ЕУ и зачленување на Северна Македонија и Албанија.

Охрид – Ако АД ЕСМ ја продаваше електричната енергија за граѓаните по пазарна цена, поскапувањето ќе беше 150%, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

Оговорајќи на прашања на новинарите на конференцијата за енергетика МЕФ 2022 во Охрид, Ковачевски апелираше на поодговорни изјави од опозицијата и некои експерти кои даваат контрадикторни ставови и ја збунуваат јавноста.

Битола– Министерот и заменик министерот во Министерството за здравство Беким Сали и Владимир Рендевски во Битола денеска промовираа два проекти од здравствениот сектор.

Во Завод за рехабилитација на слух, говор и глас промивирана е нова сензорна соба, додека во ЈЗУ Клиничка болница-Битола од денеска реновирани се просториите на Службата за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

Гевгелија – До крајот на 2018 година во Одделението за урбанизам, архитектура, градежништво и животна средина во Гевгелија биле доставувани барања за утврдување на статус на бесправно изградени објекти при што биле примени вкупно 5.842 барања.

Од вкупно примените барања по кои, според надлежните, се постапувало согласно Законот за бесправно изградени објекти, во изминатиот временски период, поточно до денеска, позитивно се решени 5.338 барања или 92 отсто од вкупно поднесените барања за легализирање на дивиградби.

Неготино – Формиран е Локален младински совет при општина Неготино, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

На седница на Советот на општина Неготино, а по претходна иницијатива на советникот Стојанчо Атанасов, со мнозинство гласови се верификуваа мандатите на петте членови на Локалниот младински совет, при општина Неготино.

Пехчево – Во Пехчево и населените места закажано е првото теристичко прскање против комарци. Со третирањето, како што информираа од Општината, ќе бидe опфатенo течението на реката Писа во Пехчево.

– Општина Пехчево ја информира јавноста дека утре, во периодот од 19:00 до 04:00 часот, ќе се спроведе теристичко (од земја) третирање против комарци во Пехчево и околните населени места. Освен течението на реката Писа со прскањето ќе биде опфатен и барскиот систем Езерце и сите зелени површини и улици во градот и околината односно, границата на третирање започнува од северо-запад од атарот на село Чифлик и течението на река Писа во правец на Пехчево, информираа од општината.

Делчево– Почнуваат активностите од проектот Општинско-корисна работа во Делчево. Во рамки на проектот ангажирани се 28 лица, кои денеска ги потпишаа договорите за започнување активности во рамки на Програмата која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2022 година.
Како што информираа од општинската прес-служба, општинско-корисна работа се реализира како дел од проектот „Социјални улуги за сите“ – финансиран од страна на УНДП и проектот „Грижа за стари лица“ со средства обезбедени од СДЦ.

Кочани – Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП), во соработка со Локалниот младински совет и Полициската станица од Кочани денеска спроведе превентивна активност „Носи кацига, вози безбедно“, како дел од кампањата за подигање на сообраќајната култура кај моторциклистите, велосипедистите и лицата кои управуват електрични тротинети.

Учесниците во сообраќајот, кои беа контролирани во централното градско подрачје, добиваа промотивни флаери и усни поуки од полициските службеници, а членовите на Локалниот младински совет им делеа шишиња со вода како освежување на високите дневни температури.

Демир Капија – Општината Демир Капија ги повика земјоделците кои претрпеа штета од врнежите град, да поднесат барања за обесштетување.

-Се известуваат земјоделците од општина Демир Капија кои имаат претрпено штети од елементарна непогода – град, дека можат да пријават штети на своите насади, со доставување на барање за проценка на штетата, во просториите на општината. Пријавувањето на оштетувања од невреме започнува утре и ќе трае до 11 јули, стои во соопштението до јавноста.

Тетово– Зголемен број на пријави за семејно насилство бележи тетовската полиција оваа недела.  Карактеристично е дека сите пријави се однесуваат за настани случени во градот Тетово.-Вчера во 21 часот и 10 минути во СВР Тетово се пријавил 43-годишниот тетовец Г.Ѓ., откако претходно неговата 63-годишна мајка пријавила дека физички ја нападнал и оштетил дел од покуќнината.Исто така вчера околу 15 часот и 15 минути, на улица „115“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 48-годишниот тетовец Ќ.Ф., кој пред тоа бил пријавен дека физички ја нападнал неговата 46-годишната сопруга, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Тетово – Институтот „Макс ван дер Штул“ на Универзитетот на Југоисточна Европа постави четири сензори за мерење на квалитетот на воздухот во рамки на своите кампањи за изнаоѓање конкретни решенија за надминување на состојбите со аерозагадувањето. Со овој проект ќе бидат поставени 10 сензори за мерење на квалитетот на воздухот во Тетово.

Моментално се инсталирани четири сензори, а во наредните месеци ќе бидат поставени уште шест сензори. Локациите на сензорите беа одредени врз основа на консултации со партнери и истражувачи кои работат на терен. Локации со преоптоварен сообраќај, со пасивен сообраќај, центарот на градот и предградијата се дел од местата каде што ќе бидат поставени сензорите, соопштија денеска од Институтот „Макс ван дер Штул“ на УЈИЕ.

Гостивар – Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија и Општина Гостивар се договорија да склучат анекс на колективниот договор во Општина Гостивар, според кој сите вработени добиваат усогласување со минималната плата од 2 806 денари во нето износ, а Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Македонија во Јавните претпријатија ЈП комуналец Гостивар, ЈП Паркинзи и паркови и зеленило и ЈП Спортска сала Гостивар ќе склучи спогодби за 2 806 денари во нето зголемување на платите.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close