МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

24 јуни 2022

Куманово, 24 јуни 2022 (МИА) – Кумановското средно стручно училиште „Наце Буѓони“ од идната учебна година ќе има нова дуална паралелка, соопштија денеска надлежните од училиштето, за профилот техничар за индустриска мехатроника по германски модел.

-Од наредната учебна 2022/2023 година, ОСТУ „Наце Буѓони“ почнува со дуална паралелка техничар за индустриска мехатроника од електротехничката струка заедно со компанијата Дрекслмајер – Куманово-изјави директорот на училиштето Драган Јаневски.

Струмица, 24 јуни 2022 (МИА) – Околу 150 барања пристигнале до Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди при Општина Босилово по невремето проследено со град кое ја зафати мината недела и предизвика штета на посевите.

Според градоначалникот Ристо Манчев, најмногу штети има во атарите на селата Сарај и Гечерлија на посевите на отворено.

Виница, 24 јуни 2022 (МИА) – Голема материјална штета направија силниот ветер и обилниот дожд што во четвртокот доцна попладне ја зафатија територијата на општина Виница.

Паднати дрвја, блокирани патишта, оштетени кровови, прекини на електродистрибутивната мрежа се последица од природната непогода во која настрадаа и градот и дел од околните населени места.

Скопје, 24 јуни 2022 (МИА) – Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во Скопје изминативе денови асфалтираа пет улици во општина Ѓорче Петров во населеното место Кисела Јабука. Досега, како што информираат од претпријатието, асфалтирани се улица 46, улицата 46А, улица 68, улица 4 и улица 6.

Вкупната површина на овие улици на која е вградена нова асфалтна маса е 2.470 квадратни метри, односно пресметани во должина се асфалтирани околу 750 метри и употребени се околу 400тони асфалтна маса.

Скопје, 24 јуни 2022 (МИА) – Со седум капитални инфраструктурни, комунални проекти и седум музичко-забавни случувања, Општина Кисела Вода ќе го одбележи 67-миот роденден, изјави градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција, каде беа промовирани бројните роденденски активности кои ќе се одвиваат под мотото „67 години Моја Кисела Вода“.

Почнувајќи од 27 јуни до 3 јули 2022, секој ден во 10 часот наутро ќе се промовира по еден капитален комунален проект.

Скопје, 24 јуни 2022 (МИА) – Општина Илинден потпиша Меморандум за соработка со Здружението за борба против рак ,,БОРКА – За секој нов ден” во насока на подобрување на здраственте услуги на жителите од општината.

Меморандумот го потпишаа градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски и претседателката на здружението ,,БОРКА – За секој нов ден”, Биба Додева.

Крива Паланка, 24 јуни 2022 (МИА) – Општина Крива Паланка планира инвестиција за изградба на Авантура парк „Калин Камен“ на Осоговските Планини, за што веќе е изготвена комплетна техничка документација и проектна апликација, аплицирана преку Североисточен плански регион во Швајцарската агенција за развој и соработка во рамки на грантова шема 2022-2024 за инвестициски проекти со дигитална компонента.

Развојот на туризмот континуирано претставува едно од приоритетните  стратешки цели на општина Крива Паланка, во контекст на зголемување на социо-економскиот развој на локалната заедница и креирање нови работни места. Со таа цел општината континуирано работи на изработка на проекти и привлекување на инвестиции за развој на туристичката инфраструктура и креирање нова туристичка понуда во регионот со што се очекува да се зголеми бројот да туристички посети во општина Крива Паланка. Посочениот конкретен проект беше изработен, аплициран преку СИПР и беше одобрен на регионален форум одржан во Куманово. Авантура  парк Калин Камен – регионална  туристичка  атракција предвидува изградба на авантура парк  на Осоговските Планини, изработка на виртуелна тура за промоција на туристичките локалитети во СИПР како и други промотивни активности, информира службата за комуникација со јавност на општина Крива Паланка.

 

Back to top button
Close
Close