МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

18 мај 2022

18 мај 2022

Скопје – Влажниот бран што ја зафати земјава е предуслов за развој на болести, штетници и плевели во земјоделството, а силниот ветер кој се очекува некаде да надмине и 60 километри на час, може да предизвика сериозни штети, предупредуваат агрометеоролозите.

Според нив, поради малиот број врнежи и високите надпрочени температури, житните култури заостануваат во развојот, а тоа ќе влијае и врз приносот. Сепак, денешните и врнежите кои се очекуваат за време на викендот може да ја подобрат состојбата со влага во почвата.

Скопје – Полицијата при засилена акциска контрола на територијата на државата во текот на вчерашниот ден санкционира 202 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, од кои 104 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 98 надвор од населено место, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од санкционираните возачи, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Скопје – Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за користење мобилен телефон 15 санкции, 19 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за возење без возачка дозвола.Изречени се шест мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за непрописно престигнување и обиколување, четири санкции за непрописно престројување…

Скопје – Екипите на ЈП „Улици и патишта“, кои ја одржуваат хоризонталната сигнализација, по налог на Град Скопје почнаа со ноќното обележување на сообраќајниците низ градот.
Како што информира Град Скопје, извршено е бележење на хоризонталната  сигнализација на булеварот „Илинден“ во насока од булевар „ВМРО“ кон улицата „Никола Парапунов“, машинско обележување на надолжни линии и такси станици кај СЦ „Борис Трајковски“, како и на улицата „Франклин Рузвелт“.

Скопје – На патниот правец Скопје – ГП Блаце, поради одрони на патот, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

Скопје – На место викано „Живкова карпа” во Куманово синоќа во 21.50 часот, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Р.(35) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување затворска казна од една година и девет месеци, а бил осуден на пет години и шест месеци за сторени кривични дела по член 201 и 236 од Кривичниот законик.

Скопје – Полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска  наредба, вчера во 11:40 часот на тетовската улица „Илинденска“, го привеле тетовецот И.М. (57) за издржување на затворска казна.

Од МВР денеска информираа дека лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Скопје – Без електрична енергија утре од 8.30 до 12.30 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Лазар Поп Трајков“ бр.24, 25, 27 и околните станбени објекти во општина Гази Баба.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот утре без струја ќе бидат корисниците на викендиците во село Побожје, а од 10:00 до 13.00 часот дел од корисниците лоцирани кај Четири Воденички во општина Чучер Сандево. Без струја утре од 10:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Христо Татарчев“ – подулица бр.22 во општина Кисела Вода, а од 10:00 до 15:00 часот дел од корисниците лоцирани по Општина Сопиште, по главниот пат кон селата Горно и Долно Соње.

Скопје – Поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на ул.7/58 Батинци, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Батинци, информираат од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје.

– Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:50 часот до завршување со санација на дефектот, соопштија од градски водовод.

Неготино  – На спортскиот комплекс во Неготино денеска од 16 до 18 часот, ќе се реализира отворена презентација на средства и опрема на Армиите кои учествуваат на големата меѓународна воена вежба „Swift Response 22 “.

Граѓаните на Неготино и околнината ќе имаат можност да се запознаат со дел од воените возила, вооружување и опрема кои се користат од страна на армиите кои учествуваат на оваа најголема досега изведена вежба во Република Северна Македонија.

Кочани – Почина новинарот, поет, есеист и хроничар на Кочани, Киро Герасимов синоќа, во 72-рата година од животот.

Повеќе од три децении Герасимов беше дописник на Македонската радио-телевизија и зад себе остави бројни записи за локалните и за регионалните општествено-политички случувања. Подготви бројни репортажи и документарни емисии посветени на луѓе и настани од Кочанско.

Back to top button
Close
Close