МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

28 јануари 2022

Скопје, 28 јануари 2022 (МИА) – Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска остварил средба со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри, на која, како што информираат, му ги презентирал стратешките планови и приоритетни проекти на општината.

На средбата, како што се вели во соопштението од Општина Кисела Вода, заеднички се дискутирало околу сферите каде е можна подддршка за реализација на покрупни проекти од интерес на граѓаните.

Охрид, 28 јануари 2022 (МИА) – „Балансирање на зачувување на животната средина и регионална/туристичка промоција на Охридското Езеро преку соодветно управување со местата на светското наследство“ е насловот на предавањето што на 2 февруари ќе се одржува во организација на aмбасадите на Јапонија во Скопје и во Тирана.

Предавањето ќе опфати искуства за зачувување на водата на езерото Бива во префектурата Шига во Јапонија, езеро старо над 4 милиони години и проценето како 13-то најстаро езеро во светот. И Охридското и езерото Бива се заштитени со закон и се на листата на светско наследство на УНЕСКО, информираат организаторите.

Кичево, 28 јануари 2022 (МИА) – Еден од трите капитални проекти кои во Кичево ќе се реализираат со средства од ТАВ програмата е градскиот плоштад чија изградба стартуваше во октомври, но поради локалните избори и неповолната временска ситуација работите беа прекинати и ќе продолжат на почетокот на март, најави Емин Насуфи од општина Кичево.

-Проектот за изградба на градски плоштад во Кичево ќе се реализира со средства од ТАВ програмата во износ од 800 000 евра. Градежните работи стартуваа на почетокот на октомври, но поради локалните избори и неповолната временска ситуација се прекинати и се очекува да продолжат на почетокот на март, поточно кога временската ситуација ќе го овозможи тоа, нагласи Насуфи.

Тетово, 28 јануари 2022 (МИА) – Од СВР Тетово соопштија дека ќе биде поднесена пријава за 29 годишник од Радиовце кој не го почитувал решението за изолација издадено од Дражвен санитарен и здравствен инспекторат.

– При проверка извршена од полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 11 часот и 20 минути во тетовско Радиовце било констатирано дека 29-годишниот А.Р. од ова село не бил во неговиот дом и не го почитувал решението за изолација издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и ќе се соочи со соодветен поднесок, информираа од СВР Тетово.

Кавадарци, 28 јануари 2022 (МИА) – За да купуваат домашните и странските туристи вино директно од „куќен праг“, производителите и туристичко-угостителските работници мора строго да ги почитуваат стандардите за квалитет, беше речено на денешната конференција во Кавадарци.

Како што истакнаа учесниците, ознаките за квалитет се многу важни.

Охрид, 28 јануари 2022 (МИА) – Од понеделник Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид повторно ќе работи како ковид-центар, поради зголемениот број лица инфицирани со коронавирусот во градот.

Според последните податоци, во Општата болница во Охрид се сместени 43 лица заболени од Ковид-19 така што се пополнети капацитетите на установата за прием и третман на тој вид пациенти.

Куманово, 28 јануари 2022 (МИА) – Градски превоз во Куманово ќе има откако ќе заврши жалбената постапка за пет до шест линии, за останатите ќе се склучат договори, додека училиштата самите ќе си склучат договор со превозници за превоз на ученици, за останатите линии за кои нема жалбена постапка ќе се потпише договор наскоро и од почетокот на февруари превозот за овие линии ќе профункционира, изјави денеска градоначалникот Максим Димитриевски.

Кумановци веќе 28 дена се без градски превоз и постојано инсистираа да се реши. Димитриевски се извини на граѓаните и рече дека жали за ваквата состојба. Тој рече дека п остапката доцнела поради изборите, конституирањето на Советот, но и новите стандарди и услови за превозниците наведени во тендерската постапка.

Скопје, 28 јануари 2022 (МИА) – Во периодот од 20 до 27 јануари превозот со жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст го искористиле вкупно 3.980 граѓани, односно само за време на изминатиот викенд 2.893 граѓани го посетиле Водно и ја искористиле жичницата.

Овој податок според соопштението од Град Скопје говори за големиот бенефит кој што го почувствувале скопјани со реактивирањето на жичницата.

Скопје, 28 јануари 2022 (МИА) – Со мала, пригодна церемонија и со почитување на сите мерки за претпазливост од надлежните институции, денес градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја додели годишната награда на општината, „Феникс“.

Поделена во две категории, кандидати поединци и група творци и кандидати ученици и студенти, Општина Центар и Советот ја доделуваат оваа награда за особени постигнувања во областите на стопанството,уметноста, воспитувањето и образованието, спортот и во други области на творештвото од значење за развојот на општината и нејзина афирмација во државата и надвор од неа.

Скопје, 28  јануари 2022 (МИА) – Поради дефект на приклучна цевка ф-1 на ул. „Славеј Планина“ 107, денеска од 12 часот прекинато водоснабдување имаат корисниците на дел од таа улица, како и дел од ул. „Банатска“, најави ЈП Водовод и канализација Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.

Скопје, 28 јануари 2022 (МИА) – За подобра комуникација со централното градско подрачје во вечерните часови и по барање на жителите на Општина Илинден, од ноќеска почнува да функционира пробна ноќна линија со број 63б, која ќе сообраќа од Транспортен центар Скопје до н.м. Мралино во деновите сабота и недела во терминот 00.15 часот.

Ова беше договорено на работната средба помеѓу градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и новиот директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, Иван Илиевски. Исто така на средбата се разговараше за подобрување на јавниот автобуски превоз со зголемување на бројот на линии и автобуски постојки на цела територија на општина Илинден.

Крива Паланка, 28 јануари 2022 (МИА) – Општина Крива Паланка упати апел до сопствениците на деловни објекти навреме да ги расчистат снегот и мразот од тротоарските површини пред дуќаните, а возилата да бидат отстранети од коловозните површини со цел надлежните служби непречено да можат да работат.
-Со цел за поквалитетно чистење на снегот и мразот од коловозните површини во населбите, апелираме до граѓаните да ги отстранат паркираните патнички и товарни  возила од улиците, особено во овој период кога има најави за нови врнежи од снег. Истовремено, апелираме до граѓаните да не ги паркираат возилата на тротоарите на главната улица „Св.Јоаким  Осоговски“  за да можат работниците за зимско одржување целосно и непречено да ги чистат тротоарите, се наведува во соопштението од Службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.

Back to top button
Close
Close