МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

27 јануари 2022

27 јануари 2022

Скопје – Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, потпишаа договор за изградба на спортска сала во струшкото село Делогожда.

Како што информираат од МОН, со овој договор Министерството ќе инвестира во објект за настава по физичко образование, со вкупна површина од 650 квадратни метри во Општина Струга.

Скопје – Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје вршат редовни контроли со цел сузбивање на дивите превозници на подрачјето на градот и во текот на изминатиот месец проверени се 18 превозници, од кои на шест им се изречени казни, информираат од скопската локална самоуправа.

– Воедно, екипи на Инспекторатот на Град Скопје изминатата недела извршија засилени контроли на терен за почитување на комуналниот ред и јавната чистота и изречени се три казни за прекршување на Законот за јавна чистота, соопштуваат од Градот.

Скопје – Прекин на водоснабдувањето денеска од 09:20 часот ќе имаат дел од корисниците на улица „Стојна Стевкова“ и улица „378“ во Чаир.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека корисниците ќе бидат без вода поради дефект на огрлица ф-150 мм на улицата „Јајце“ 131.

Скопје – На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за технички неисправни возила, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Изречени се пет мерки за возач почетник, три санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за некористење сигурносен појас, шест санкции за прекршоци од пешаци.

Скопје – Поради санирање уличен дефект од Ф-6/4 на ул. Перо Наков бб (до Бриколаж) во населба Гази Баба, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Перо Наков.

Како што информира ЈП Водовод и канализација, прекинот ќе трае од 8:40 часот до завршување со активностите.

 

Back to top button
Close
Close