МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

24 јануари 2022

24 јануари 2022

Скопје – Поради снежни врнежи изутринава од 7:00 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на на превојот Стража на патниот правец Кичево – Гостивар.

Забрана за камиони е воведена и на патниот правец Маврово – Дебар, информира АМСМ.

Скопје – Водата за пиење во Скопје одговара на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, посочуваат резултатите од неделниот лаборатортсиски извештај на ЈП Водовод и канализација – Скопје согласно анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.01.2022 до 21.01.2022 зема 146 примероци за физичко-хемиска и 146 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 38 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РСМ, бр.183/18), наведуваат од ЈП Водовод и канализација.

Скопје – Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 211 возачи.

Од нив седум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила, соопштија денеска од МВР, се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 83 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 128 надвор од населено место.

Скопје – На територија на Град Скопје вчера во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 23 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за технички неисправни возила.

– Изречени се 23 мерки за возење под дејство на алкохол, две санкции за зборување на мобилен телефон, шест мерки за некористење на сигурносен појас, 10 санкции за возач почетник, четири санкции за минување на затворен сигнал црвено светло, соопштија денеска од МВР.

Скопје – На подрачјето на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и полициски службеници од Полициската станица Карпош вчера во 15:15 часот биле лишени од слобода А.Л.(22) и малолетник од Скопје.

Како што информираа денеска од МВР, тие биле затекнати при извршување на кривично дело тешка кражба во обид, а кај нив бил пронајден и одземен предмет поврзан со кривичното дело.

Скопје – Забраната за тешки моторни возила на патниот правец Кичево – Гостивар на превој „Стража” денеска од 08:40 часот е укината, информираат од АМСМ.

Забраната за тешки товарни возила на патниот правец беше воведена утрово во 07:00 часот поради обилни врнежи од снег.

Скопје – Две противпожарни возила и 20 пожарникари и вработени во Службата за техничка сигурност при РЕК Битола активно се вкучија во гаснењето на пожарот во фабриката Жито Битола. Едно противпожарно возило на РЕК Битола со тројца пожарникари дежураа во текот на ноќта, заедно со колеги од противпожарната единица од Битола и будно ја следеа состојбата во опожарениот објект. Противпожарната служба на РЕК Битола останува на располагање за каква било интервенција, доколку има потреба од тоа, соопшти ЕСМ.

РЕК Битола како општествено одговорна компанија, посочија од компанијата, во многу наврати учествува во различни акции за заштита на општественото добро.

Скопје – Најстудено утрово е во Крушево и во Берово со -12 степени. Во Крива Паланка се измерени -10, во Битола, Штип, Претор и Виница -9, осум степени под нулата е во Охрид, -7 во Прилеп, Струмица и Тетово, -6 во Скопје и Демир Капија, -5 Куманово, а -3 во Дојран и Гевгелија. УХМР информира дека највисока снежна покривка од 39 сантиметри има во Маврови Анови, 31 на Попова Шапка, а 14 сантиметри во Крушево.

Крушево – Од изутрината во Крушево врне нов снег. Улиците се посипуваат со сол, а поради ниските температури и ветрот, на места имаше наноси кои јавното комунално претпријатие „Комуна“ перманентно ги расчистува, информираат општинските власти.

Крушево има успешна сезона со многу снеги затоа обврската на претпријатието е голема во обезбедување пристап, проодност и безбедно движење. Од претпријатието апелираат до граѓаните да ги контактираат за информации и проблеми со чистење и посолување на снегот.

Неготино – Општина Неготино организира избор на најдобри вина и ракии од индивидуални производители.

Како што информира Службата за односи со јавноста на локалната самоуправа, активностите се во чест на верскиот празник „Свети Трифун” кој се смета за заштитник на лозарите. Тогаш симболично почнува и закројувањето на лозјата.

Дебар – Вчера попладне регистриран пожар во котларница на фабриката за флаширање вода „Маја“, која се наоѓа во близина на Дебар.

– Во Одделението за внатрешни работи во Дебар вчера во 13 часот пријавен е пожар во котларница од помошни простории од фабрика во Дебар. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Дебар. Увид извршија полициски екипи од ОВР Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Back to top button
Close
Close