МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

28 септември 2021

28 септември 2021

Скопје – Прекин на водоснабдувањето денеска од 10:50 часот ќе имаат дел од корисниците од Ново Село, во општина Ѓорче Петров.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради водоводен приклучок на улица 1, во кругот на основното училиште во Ново Село.

Скопје – Поради уличен дефект ф-100 мм на улица „Димо Хаџи Димов“ 156,со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од истата улица, како и дел од улица „Марко Орешковиќ“.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:45 часот, се до завршување со санација на дефектот.

Скопје – ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 184 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

– Во периодот од 20.09. до 26.09.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 97 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 87 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП ПОЦ.

Скопје – Прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот имаат дел од корисниците од улицата „Тодор Александров“ 165, Британската амбасада, Француската амбасада и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање дефект на водоводна цевка со профил од 150 милиметри на улицата „Тодор Александров“ 165.

Тетово – Двајца пациенти во Ковид-центарот во Тетово починале во изминатите 24 часа, информираат од тетовската болница. Починатите се на 72 и 88 години.

– Во моментот има вкупно 15 хоспитализирани, од кои 14 на кислородна поддршка и еден на неинванзивна вентилација. За 24 часа се направени 19 прегледи во амбулантскиот дел на Ковид центарот. Примени се двајца нови пациенти, информира Д-р Миранда Пајазити.

Неготино – Радовишанец синоќа бил физички нападнат од раководител на фирма и други лица во Неготино,  информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Околу 20 часот во Полициската станица Неготино, било пријавено дека во кругот на фирма во Неготино, по кратка расправија, Н.В.(44) од Радовиш бил физички нападнат од раководителот и уште неколку лица, појасни Додевски.

Битола – Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во пресрет на новата академска година реализира трет уписен рок за студенти бруцоши.

На Техничкит факултет во Битола има место за уште 301 студент во трите категории за студирање, односно, за редовни и вонредни студенти, како и за упис со надомест, односно школарина за студирање. Со исти услови може да се запишат уште 146 студенти на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, како и 51 студент на Технолошко-техничкиот факултет во Велес.

 

Back to top button
Close
Close