МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

27 септември 2021

27 септември 2021 

Скопје  – Поради уличен дефект, без вода денеска ќе бидат корисниците од улиците „210“, „Ордан Чопела“, „Коста Абрашевиќ“ и дел од „Цветан Димов“ во општина Чаир.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:30 часот, до завршување со санација на дефектот.

Кичево – Наскоро во Центарот за култура во Кичево ќе бидат променети поголемиот број врати и прозорци. Средствата за оваа промена се обезбедени од два извори и тоа 655.000 денари од Министерството за култура и околу 650.000 од сопствени извори.

По скорешниот избор на најповолен понудувач ќе следи реализација на овој проект, навести Мазлам Османи директор на Центарот за култура.

Тетово – Неколку бандери и сообраќајни знаци беа оштетени ноќеска во Тетово откако во нив со неговото возило удрил жител на гостиварското село Чегране. Поради овие оштетувања на кружниот тек на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ и улицата „Браќа Миладинови“ ноќеска дел од жителите од тој дел на градот повеќе часови беа без електрична енергија и интернет врска. Екипи на повеќе компании денеска работеа на санација на штетите.

-Изутринава околу 2 часот и 35 минути се случила сообраќајна незгода на кружниот тек кај улиците „Видое Смилески Бато“ и „Браќа Миладинови“ во Тетово. Патничко возило марка „мерцедес“ управувано од шеесет и петгодишниот М.Б. од гостиварското село Чегране, движејќи се по булеварот „Видое Смилески Бато“ во еден момент изгубило контрола врз возилото и излетало од коловозот. При излетувањето оштетило четири метални држачи за сообраќајни знаци поставени на кружниот тек, три бандери и еден сообраќаен знак. Возачот поминал без посериозни повреди. соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Скопје – Без вода денеска ќе бидат корисниците на дел од Сопиште. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:20 часот до завршување со санација на дефектот.

– Прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект ф-125 на ул. 2/бб Сопиште (во близина на општината), соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Back to top button
Close
Close