МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

24 септември 2021

24 септември 2021
Делчево – Во Делчево продолжува изградбата на нова патна инфраструктура. Со последната активност, како што информираат од Општината, беше опфатена  улицата „Скопска” во населбата Ново Делчево каде во должина од 250 метри заврши асфалтирањето на оваа улица.
-Во оваа населба се работи и на реконструкција на улицата „Орце Николов“ во должина од 500 метри со изградба на тротоари, а ќе следува и реконструкција на дел од улицата „Острец“ во должина од околу 50 метри со изградба на потпорен ѕид и тротоари, кој претставува црна точка во сообраќајот, информираа од Општината.

Скопје – Кандидатите за градоначалници на Општина Карпош, Душко Весковски – СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Васко Костов – МАКЕДОНСКА ЕРА ТРЕТА, Дарко Ристовски – Левица, Христа Најдов – Движење „Одлучно за промени“ и Стевчо Јакимовски – ГРОМ денеска го потпишаа кодексот за фер и демократски избори.

Кандидатот за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ, Оливер Зафировски, кој од оправдани и неодложни причини не беше во можност да присуствува на потпишувањето, целосно го поддржува овој кодекс и се обврзува на почитување на обврските кои произлегуваат од него, стои во соопштението за потпишувањето на Кодексот испратено од Весковски.

Скопје – Петтемина кандидати за градоначалник на Општина Аеродром денеска потпишаа кодекс за фер и демократски избори во пресрет на локалните избори и непосредно пред стартот на изборната кампања.

Со својот потпис, Александар Филиповски од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, Весна Кираџиева од Левица, Миле Петковски од Трајно македонско радикално обединување – ТМРО и Билјана Аврамоска-Ѓореска од Движењето „Одлучно за промени“– коалиција, како учесници во изборниот процес се обврзаа да го почитуваат законот и да водат фер натпревар и еднаквост во кампањата.

Тетово – Компанијата „Еколог“ од Тетово донира десет амбулантски возила со опрема за здравствените установи низ земјава. Во име на Министерството за здравство, донацијата ја прими државниот секретар во Министерството за здравство Иванка Стојановски.

-Донацијата ќе биде од огромна корист за здравствените установи и медицинскиот персонал и директно ќе помогне во спасување на највредното -човечкиот живот и однапред Ви благодарам за секоја навремена интервенција и спасен живот, истакна Иванка Стојановски.

Струмица – Со проект финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, ќе се набавува комплетна заштитна опрема за гаснење шумски пожари за сите пожарникари од Југоисточниот плански регион.

Ова беше соопштено на денешната прес конференција по повод почнувањето на проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“, кој го реализираат Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со Асоцијацијата на Југозападни општини-Благоевград, Република Бугарија.

Куманово – Петте кандидати за градоначалници од Куманово, денеска потпишаа кодекс за фер и демократски избори пред претставниците на Општинската изборна комисија (ОИК) Куманово. Кодексот го потпишаа кандидатите Беким Салиу од Алијанса за Албанците и Алтернатива, Максим Димитриевски од „За наше Куманово“, Оливер Илиевски од СДСМ и коалицијата, Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и Теодора Димитровска од „Одлучно за промени“ ДОМ и ЛДП.

Кандидатите се обврзуваат дека ќе ги почитуваат, законите правила, прописи, релевантни за изборите, дека нема да вршат притисок врз администрацијата, нема да користат говор на омраза.

Скопје – Дел од корисниците на улиците „Струмичка“ и „Вуковарска“ денеска од 12:20 часот имаат прекин во водоснабдувањето.

Како што соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање уличен дефект на водоводна цевка со профил од 80 милиметри на улицата „Струмичка“ 5.

Штип – Во три штипски училишта има локална трансмисија на коронавирусот, денеска за МИА потврди директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова. Станува збор за едно средно и две основни училишта. Според денешните податоци позитивни на коронавирусот во училишатата се 32 ученици, а над 80 се во изолација.

-Резултатаите од денешните потврдени случаи во училишата ги веќе работиме. По направената анкета ќе знаеме колку дополнително ученици ќе заминат во изолација. Што значи оваа бројка ќе се зголеми во текот на денешниот ден, вели Димитрова.

 

Back to top button
Close
Close