МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

9 декември 2021

9 декември 2021

Македонска Каменица – Во Македонска Каменица во тек се активности како дел од проектот „CirculaMare“ за намалување на отпадот од пластика, преку кој, како што информираа од Општината, се планира развивање на иновативни решенија за управување со пластиката, која најчесто завршува во реките и езерата.

– Проектот „CirculaMare” се спроведува во 10 земји во медитеранскиот регион, а во нашата земја освен во Општина Македонска Каменица, се спроведува и во Штип. Негова главна цел е да помогне во намалување на отпадот од пластика која се одлага на несоодветен начин, со кој се врши негативно влијание врз животната средина, истакнаа од Општината.

Кичево – Поради временската состојба и честите врнежи од дожд, одложена е монтажата на новата пречистителна станица за отпадни води за 1500 жители на село Пласница.

– Пречистителната станица што за 1500 жители на село Пласница требаше да се изгради за 90 дена, поради временската ситуација се уште не е започната градбата на овој капитален објект. Во меѓувреме завршени се подготвителните работи, а по пристигнувањето на опремата и подобрување на временската ситуација, ќе започне изградбата на оваа станица многу важен објект за екологијата на река Треска. Пречистителната станица е турска технологија од монтажен тип и има капацитет да опслужува 1500 жители. Оваа инвестиција чини околу 5 милиони денари, средства обезбедени од повеќе извори, меѓу другото и со учество на средства од буџетот на општина Пласница во износ од 500 000 денари, истакна Алија Јаоски, градоначалник на општина Пласница.

Кичево – Со изведба на драмата „Претставата што тргна наопаку“  на Албанскиот театар од Скопје во режија на Агон Мифтари, вечер во Центарот за култура во Кичево, ќе биде спуштена завесата на театарскиот фестивал „Ускана фест“, кој се одржа по прв пат годинава.

-Со „Претставата што тргна наопаку“ во изведба на Албанскиот театар од Скопје, ќе се заокружи првото издание на театарскиот фестивал „Ускана фест“ во Кичево. „Претставата што тргна наопаку“ ги следи постапките на Политехничкото драмско друштво Корнли, кои се трудат максимално да стават на сцена изведба на едно мистериозно убиство. Како што може да се види и од насловот на приказната, ова и не толку лесно како што звуч, рече Рахим Рамадани организатор на фестивалот во Кичево.

Скопје – На барање на градоначалничката Данела Арсовска, на денешната втора седница на Советот на Град Скопје, сумата во предлог-одлуката за доделување на паричната помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа што се случи во соседна Бугарија се зголемува на 3,5 милиони денари, со цел да се излезе во пресрет на семејствата, соопшти прес-службата на Град Скопје.

– На оваа седница предлагам оваа ставка да се зголеми на 3,5 милиони денари, со цел да се излезе во пресрет на семејствата на загинатите и повредените од сообраќајната несреќа, изјави Арсовска во обраќањето на втората седница на Советот, по неговото конституирање.

Дебар – Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, потпиша пристапница и стана член на Општинската организација на Црвниот крст, ветувајќи учество во спроведувањето на активностите, пред сè од сферата на волотерството.

– Посебна чест ми е што станав член на организацијата на Црвениот крст во Дебар, со оглед на хуманитарната мисија на оваа организација, која се докажала во многу случаи кога се појавила потреба да им се помогне на луѓето во нашата општина. Ќе го искористам и моето искуство од хуманитарното здружение „Дрита“ за да бидам поактивен член, рече Дука.

Скопје – Во првите 24 часа до Градот Скопје се испратени 51 барање од граѓани преку електронската адреса „24@skopje.gov.mk“ и сите се процесирани од градската администрација, соопштија денеска градските власти.

Преку новата електронска адреса, граѓаните пријавуваат проблеми и барања до Град Скопје, а како што соопштија од Градот, најголем број од пријавите се однесуваат на проблеми поврзани со сообраќајот, инфраструктура, комунална хигиена, но и барања за поголема ажурност на секторските одделенија даноци, урбанизам и целокупната градска администрација.

 

Back to top button
Close
Close