МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

7 декември 2021

7 декември 2021 

Куманово – Професори и ученици од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ во рамки на Еразмус проектот престојуваа во Истанбул Турција, соопштија денеска надлежните од училиштето.

Во проектот „Повеќе училиштата во природа“ покрај гимназијата, вклучени се и училишта од Италија, Хрватска, Србија и од Турција. Учениците и професорите размениле искуства на заедничките работилници, се запознале со начинот на изведување на наставата, ги воочиле разликите во образованиот систем. Медитеранска храна и стил на живот била темата на втората мобилност, учениците присуствувале на часови по странски јазици, и ги посетиле културно-историските споменици и знаменитости на Истанбул.

Штип – Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги охрабрува СДСМ за реализација на проектот Топлификација Битола – Могила – Новаци којшто започна уште во 2014 година и како што вели нема да биде како нив и да ги обвинува дека почнуваат и водат проекти на ВМРО-ДПМНЕ.

-Конечно се објави првиот тендер 2017 година. Тогаш јас управував со државната ЕЛЕМ. Тоа беше исклучително значаен проект за регионот бидејќи не само за граѓаните, тој може да обезбеди затоплување и на пластеници коишто се користат во земјоделството, за неколку реколти да има и да раѓа Пелагонија со што во суштина сите ние ќе бидеме среќни и задоволни како граѓани. За жал, од 2017 па се до денеска 2021 кога бевме сведоци на онаа ископана дупка вчера и сликањето на надлежниот министер и директорот на ЕСМ нема никакво поместување и за жал, овој проект иако беа обезбедени средства со државна гаранција од КФВ банката, избрани консултанти, мислам дека се австриска компанија коишто се се уште истите за жал не беше потпишан, вели Мицкоски.

Делчево – Со положување цвеќе пред споменикот на Никола Јонков – Вапцаров, Националната установа Центар за култура од Делчево ја одбележа 112-годишнината од раѓањето на големиот поет и револуционер и свој патрон.
Во пригодниот говор по повод роденденот на Вапцаров, раководителот на Литературната дејност при Центарот за култура, Љупчо Петровски, истакна дека Вапцаров е еден од најсилните таленти кои твореле на друг јазик, освен македонскиот.

Кавадарци – Млади од Шпанија престојуваат во посета на Кавадарци. Tиe денеска се сретнаа со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. За време на нивниот неколкудневен престој, нивни домаќини се млади од кавадаречката младинска организација, Совет за превентива против малолетничка деликвенција.

Ѓорѓи Нанчев, координатор во СППМД, појасни дека средношколците од Барселона се во Кавадарци во рамките на младинска размена преку Еразмус плус програмата.

Струга – Со половина капацитет во затворен простор и под веќе утврдените протоколи за соодветно растојание, сертификат за вакцинација против Ковид-19 и музика на подиум без шетање по масите, ќе бидат организирани дочеци на Новата година во хотелите на охридско-струшката ривиера.

Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери Крсте Блажески во изјава за МИА посочи дека за дочекот на новогодишната ноќ остануваат постоечките протоколи, доколку не дојде до промена на состојбата со бројот на заразени од коронавирусот.

Куманово – Археолошкото одделение на НУ Музеј Куманово заврши со овогодишното истражување на локалитетот Градиште-Бислим кај селото Пчиња, соопштија денеска надлежните од националната установа.

Истражувањата ги потврдиле минатогодишните претпоставки на кумановските арехолози дека на оваа локација има црковна градба.

Берово – Поради големот воден талог, зголемено нивото на Ратевска река и Река Брегалница во Беровско. Зоран Аговски, раководител на подружницата на АД „Водостопанство“ на РСМ во Берово, за МИА информира дека во Малешевијата, во изминатото деноноќие, регистрирани се 38,7 литри дожд на метар квадратен, поради што дел од коритата на овие реки се излеаа.

-Во моментот имаме зголемено ниво на река Брегалница и Ратевска Река, како резултат на обилните врнежи и паднатата количина од 38,7 литри на метар квадратен. Поради големиот воден талог, зголемено е нивото на водата во речните корита на овие две реки. На неколку критични места Ратевска Река веќе се излеа и има поплавено земјоделско земјиште во Владимирово, информира Аговски.

Кочани – Членовите на Здружението на оризопроизводители „Бело злато“ од Кочани бараат од пратениците да дадат едногласна поддршка на владината одлука за интервентна финансиска помош од три денари за предаден килограм оризова арпа.

На денешната прес-конференција земјоделците истакнаа дека очекуваат на првата наредна седница на Собранието да даде согласност за дополнителната мерка, со што исплатата на помошта ќе може да почне пред новогодишните празници.

Скопје – Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски денеска ги додели „зелените“ сертификати и штедливи лед-светилки, на граѓаните кои се пријавија на јавниот повик, како дел од кампањата „100 проценти одржливо греење“ за одбележување на употребата на одржливи системи за греење и ладење, информира Општина Карпош.

– Преку вас, сакаме да ги охрабриме и другите граѓани да користат обновливи извори на енергија. Овој процес не е тренд, туку потреба да го намалиме загадувањето и штетната емисија на гасови во атмосферата. Токму затоа, Општина Карпош го спроведува овој процес речиси 13 години, со цел да ја одржиме здравата животна средина, изјави Јакимовски.

Македонска Каменица – Спортско-риболовното друштво „Шаран“ од Македонска Каменица изврши проибување на Калиманско Езеро. Активноста, како што информираа од друштвото, финансиски е потпомогнато од Општина Македонска Каменица и Рудник САСА.
-Во оваа втора фаза беа пуштени 300 килограми ситен порибен материјал составен од 200 грамски единки на крап и 700 килограми матичен порибен материјал составен од капитални единки на крап од 2 до 6 килограми, информираа од СРД „Шаран“.

Струмица – Празнувањето на Денот на заштитниците на Струмица „Свети 15 Тивериополски Свештеномаченици“ почнува денеска и ќе трае до 11 овој месец. Во овој период, во повеќе институции, ќе се случуваат концерти, промоции на книги, списанија, монографија и каталог, а главните настани се планирани на 11 декември.

За одбележувањето на овој празник денеска на прес конференција информираше градоначалникот Костадин Костадинов, кој истакна дека овој празник има посебно значење и затоа има посебно одбележување.

Струга – Скромно, со реквизити од претходните години деновиве ќе почне предновогодишното украсување на Струга. Градот на поезијата и годинава нема да има организиран пречек на најлудата ноќ, а предвидените средства за украсување ќе бидат пренаменети. 

Директорот на јавното комунално претпријатие Иќмет Ислами информира дека поради енергетската криза со светилки ќе биде покриено само дел од централното градско подрачје. 

Битола – Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола со пригодна програма го слави патрониот празник на библиотеката.

Според историјатот на Библиотеката, таа е основана на 25 март 1945 година како Градска народна библиотека во Битола, во 1964 година е именувана како Матична библиотека „Климент Охридски“, а од 2004 година и денес функционира како Национална установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола.

Скопје – Соларен парк што ќе ги задоволува потребите за струја на 94.000 домаќинства ќе се гради од следната година на потегот од Штип до Свети Николе, на локацијата каде што требаше да има карго аеродром на површина од 452 хектара. Инвестицијата, која со одлука на Владата е прогласена за стратешка, е проценета на околу 270 милиони евра. Ќе ја реализира француската компанија „Акуо Енерџи“ преку Друштвото за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР“ – Скопје. Тоа е најголемата француска инвестиција во државава во последните 15 години. За нејзина реализација се подготвува закон кој очекува да биде донесен во првиот квартал наредната година.

Делчево – Врнежите кои непрекинато паѓаат повеќе од 24 часа, го наполнија до врв коритото на реката Брегалница во Делчево. Дел од граѓаните велат дека нема опасност од излевање и потенцираа дека водата ќе биде добредојдена за земјоделските посеви.

Сега е баш моментот кога природата треба да донесе влага на почвата и на есенските посеви. Дождот е добредојден секако и за „сејаниите“ и за овошните насади, истакна жител на делчевското село Ѕвегор.

Back to top button
Close
Close