МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

6 декември 2021

6 декември 2021

Скопје – Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по влажни коловози, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Скопје – Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење, покажува неделниот извештај на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

– Секторот за санитарна контрола во периодот од 29.11.2021 до 03.12.2021 зема 194 примероци за физичко-хемиска и 194 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Скопје– За два сантиметри е зголемено нивото на Дојранското Езеро, за еден е намалено нивото на Преспанското Езеро, додека нивото на Охридското езеро е во рамките на декемврискиот просек.

Водостоите на реките се, во наголем дел, под просекот за месец декември. Така, нивото на Вардар кај Јегуновце е за дваесеттина сантимети под просечната вредност која изнесува 98 сантиметри, на мерно место кај Скопје, исто така, е пониско за дваесеттина сантиметри, а просекот таму за декември е 99 сантиметри.

Скопје – На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 216 мерки, од кои 41 за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 45 санкции за возење повеќе од дозволената брзина и 30 за возење без возачка дозвола.

Скопје – Во текот на вчерашниот ден казнети се 542 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволенатаво рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија.

Од нив, 40 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Скопје – Заради планирани закажани технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре без струја ќе бидат делови од Град Скопје и неговата околина.

Како што соопшти РЦУК, во период од 09:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат домаќинствата на потегот од гробиштата во Бутел кон улиците „Гвадалахара“, „Јуриј Розентал“, „Плачковица“ во општина Шуто Оризари.

Скопје – Во периодот од 11 до 15 часот вчера на подрачјето на СВР Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 41 возачи.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија денска од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Охрид – Фото клубот од Охрид по повод патрониот празник на градот – „Свети Климент Охридски“ утре ќе ја отвори традиционалната изложба.

Членовите на Клубот по 23 пат пред јавноста ќе презентираат свои најуспешни остварувања. Во изложбената галерија на Центар за култура „Григор Прличев“ ќе бидат презентирани повеќе од 50 фотографии од 12 автори изработено на слободна тема.

Дебар – Врнежите од дожд присутни повеќе денови, ги зголемија дотеците од помалите реки и потоци кои се влеваат во река Радика, што условија зголемен дотек на вода во акумулацијата „Дебарско Езеро“.

Според надлежните од ЕСМ, дотекот во акумулацијата од Радика, која во езерото се влева кај Косоврашки Мост, е над 25 кубни метри вода во секунда, додека останатиот дел е од реката Црн Дрим.

Демир Капија – Во последната фаза е изградбата на обиколницата во Демир Капија од речиси еден километар, со цел растоварување на сообраќајот во градот и зголемување на безбедноста.

Како што информираше денеска  градоначалникот Лазар Петров, инвестицијата од над 20 милиони денари е на Јавното претпријатие за државни патишта, а изведувач на работите е „Македонија пат“.

Росоман – За утре повторно е најавен протест со барање до Министерство за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта, за приклучок на селото Сирково кон брзиот пат Градско-Прилеп, информираше денеска Веле Коцев, претседател на месната заедница.

Сирковци протестираа и пред некое време, а протестот го ставија во мирување, откако, како што рече Коцев,  од надлежни државни структури им било ветено разгледување на можностите за решавање на нивниот проблем.

Back to top button
Close
Close