МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

2 декември 2021

2 декември 2021

Скопје – Без вода денеска ќе останат корисниците на дел од улицата „Орце Николов“ и на дел од булеварот „3-та Македонска бригада“.

Прекинот во водоснабдувањето, како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, е поради дефект на приклучна цевка од ¾ на ул. Орце Николов бр.147, како и уличен дефект Ф-150 мм на булевар „3-та Македонска Бригада“ раскрсница со „Коста Абрашевиќ“.

Скопје – Со блок дотација од 180 милиони денари средства од буџетот, набавени се нови 15 комплетно опремени камиони и три машини за утоварање на ризла и сол, за потребите на Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионални патишта.

Според министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, Владата покажа подготвеност, и со новата инвестиција го подигна капацитетот на зимската служба на ЈП за одржување на магистралните патишта.

Скопје – Сезонски работници од Општина Кисела Вода заедно со службите на ЈП „Комунална Хигиена” денеска спроведуваат акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски”, од крстосницата со улицата „Народни херои” до Пинтија.

Од општинската прес-служба информираат дека се чисти со механизација и рачно, односно со две цистерни, три камиони, машини за метење, се собира сметот, се собираат паднатите лисја, се кастрат сувите надвиснати гранки, се мијат улиците и се расчистуваат автобуските постојки.

Гевгелија – Од денеска во наредните десет дена во Богданци ќе се одвиваат работни активности за асфалтирање на улицата „Бранд Петрушев“ која е една од седумте улици за чија што реконструкција и санација општината доби околу 600.000 евра од Светската банка, потврдија од општината.

Поради почеток на изведбените активности, кои од денеска до шести декември ќе бидат насочени кон финална подготовка на улицата за нејзино асфалтирање, општината упати апел до граѓаните во наведениот период да ги отстранат сите автомобили од улицата која ќе биде целосно затворена за сообраќај.

Делчево – Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево се приклучи во одбележувањето на деновите на хуманост „Дарувај со љубов“. По тој повод, како што информираше директорката Биљана Петровска во пресрет на 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во посета на установата беа лицата од Дневниот центар во Делчево.

– Огромно е задоволството што имаме можност да ги пречекаме да се дружиме да им покажеме како изгледа и како работи библиотеката. Никако не смееме да заборавиме дека сме различни но сепак сите сме исти. Секој на свој начин треба да даде придонес овие лица со посебни потреби полесно да се пробиваат низ животот и низ општеството, истакна Петровска.

Гевгелија – По неполна година откако екипите на јавното комунално претпријатие од Гевгелија, по неколку претходни чистења, темелно ја исчистија преполнетата дива депонија над селото Негорци и предупредија дека ќе следуваат ригорозни казни за несовесните граѓани, денеска сликата на депонијата е повторно хаотична.

Од гевгелиското комунално претпријатие велат дека и покрај упатениот апел до локалното население оти по последното темелно чистење ќе се казнуваат недициплинираните жители на селото, не помогнале дури ни другите преземени мерки за да се заштити просторот од одлагање на секаков вид на отпад покрај локалниот пат од Негорци кон Серменин.

 

Back to top button
Close
Close