Најава на настани

МИА Најави – МКД

4 декември 2021

4 декември 2021

Скопје – Конференција „Авении на соработка: кон презамислена регионална припадност“, во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, во соработка со  Visegrad Fund, Balkan Trust for Democracy – USAID и Музејот на современа уметност. (Музеј на современа уметност/ 10.00)

Скопје – Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски ќе присуствува на отворањето на реновираниот Спортски центар во Ново Лисиче, кој ќе го носи името на прерано заминатиот ракометар од Аеродром Марко Божиновски. (13:00)

Тетово – Централен совет на политичката партија Алтернатива. (19.00)

Скопје – Гете-институт Скопје со перформанс „Изгубени модернистички утопии?“ на колективот Кунстрепублик од Берлин со студенти од факултетот за драмски уметности, студенти од архитектонски факултет и студенти од ликовна академија. (зграда на Месна заедница во населбата Тафталиџе/ 12:00 – 14:00)

Скопје – Изведба на новата балетска продукција на романтичниот балет во два чина „Жизел“. (Национална опера и балет/ 20:00)

Скопје – Фестивал на италијанска храна во Скопје во организација на Амбасадата на Република Италија и ИТА- Italian Trade Agency Skopje. (плоштад „Македонија“/ 12:00)

___________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close